Почна дебатата „Детектирање и намалување на неформалната економија во РС Македонија“ во организација на Министерството за финансии и УНДП.
Во тек се обраќањата на министерот за финансии, Фатмир Бесими, вицепремиерот Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш и Сања Бојаниќ, заменичка на постојаната претставничка на УНДП .
Конференцијата се одржува во рамки на проектот „Поддршка на реформите со менаџирањето на јавните финансии“, кој е финансиски поддржан од Министерството за финансии на Република Словачка и Словачката агенција за развојна соработка.