НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото) Македонецот Дејан Христов со верзија на ново електрично „Југо“

0
By Sashko on September 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со едноставноста што ја покажа по излегување на пазарот во 1980 година, „Југо“ имаше свој шарм и им понуди евтин автомобил за луѓето на СФР Југославија. Возилото во 1985 година „слета“ и на американска почва. И, иако работите не одеа најдобро во САД, за фабриката со седиште во поранешна Југославија, автомобилот, сепак, успеа да добие статус на познат автомобил и „преку барата“.

Македонскиот дизајнер Дејан Христов, инспириран од култниот статус на возилото, замисли нова верзија на овој едноставен градски автомобил со електричен погон. Со оглед на тоа што тој сѐ уште може да се види на патиштата, современата изведба треба да сподели и нешто повеќе од својот претходник.

Дејан ги користи препознатливите стилски мотиви, како што се закривена хауба, хоризонтална линија на знаците и карактеристичната задна страна. Спортскиот изглед, пак, се постигнува со повеќе испакнати и продолжени браници, црни А-столбови и потенки ЛЕД-светла. Притоа, тој избрал и добро познати споменици низ поранешна Југославија, пред коишто виртуелно го поставил својот „автомобил на иднината“.

Доколку оваа дигитална замисла стане реалност, конкуренцијата би била во „Пежо e-208“, „Опел корса“, „Рено 5“ и Хонда Е“, а цената би била блиску до онаа на „Дачија спринг“.

„Југо“ се произведуваше од 1980 година до 2008 година во Крагуевац, Србија, и беа произведени вкупно 794.428 примероци. Заснован е на „Фиат 128“, со погон на предните тркала и мотори со четири цилиндри. Во САД, претприемачот Малком Бриклин продаде вкупно 141.651 автомобил од 1985 до 1992 година, но и покрај одличниот почеток поради ниските цени, прашањата за квалитетот и сигурноста сериозно го нарушија угледот на југословенскиот автомобил. Во 1987 година беа продадени 48.812 возила, а веќе во 1992 година се продадени само 1.412 примероци.

Дејан Христов замислува нова ера за „Југото“ и има намера да го испрати својот проект до српската Влада. Тој, исто така, посочува дека и хрватски „Римац автомобили“ би можеле да учествуваат во проектот, додека производството може да оди во фабриката на „Стелантис“ во Крагуевац, или некоја кинеска компанија. Притоа, литиумот за батерии од тукашни извори ќе ја намали и цената на батериите.

Сепак, засега, сѐ останува на овие интересни виртуелни скици.

Верзија Електричен погон Југо Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.