Лидерите на ЕУ се движат кон компромисен договор за 2014-2020 буџетот на ЕУ, по цела ноќ разговори, јавува БИ-Би-Си, повикувајќи се на изјавите на официјалните претставници. Договорена е широката рамка но тешките прашања се уште се отворени на самитот во Брисел.
Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј изјави дека нема план “Б” во случај на неуспех, пишува “Обсервер”.
Лидерите ги разгледуваат предлозиte да се поправи трошењето на 960 млрд. евра , намалување на повеќе од 12 млрд. евра од предлогот на самитот ноември. На тој состанок ЕУ лидерите не успеаја да постигнат договор во услови на длабока поделеност меѓу членовите околу резовите – клучно барање на Велика Британија.
Премиерот Дејвид Камерон рече повторно вчера дека дека нема да го прифати договорот се додека понатамошни намалувања на трошоците не се направат. Тој рече дека бројките кои се предлагат за 2014-2020 “треба да се намалат – и ако не … нема да има договор”.
Секоја од 27-те земји-членки може да стави вето на договорот за буџетот – факт што г прави преговорите сè повеќе и повеќе тешки.