Сега е полесно од кога и да било да се видат најновите видеа од Северна Кореја, благодарение на неколку ЈуТјуб канали кои се појавија во последните неколку години.
Еве ја листата на некои од најдобрите канали на Северна Кореја на YouTube.
Започна со работа на на 22 јули 2010 година- StimmeKoreas е најпопуларниот YouTube канал посветен на Северна Кореја. Има повеќе од 15 милиони гледања, и има 12.000 претплатници. Снимките се прилично разновидни и вклучуваат вести на државната телевизија.
North Korea Today e oтворен во септември 2007 година, а тврди дека е официјален YouTube канал за Северна Кореја. Банерот вели дека има повеќе од 11 милиони пати гледања и 11.000 претплатници. Претежно има ТВ клипови, патување видеа и музика.
Емитува од јули 2010 година- Uriminzokkiri е полу-официјален канал од кинески веб-сајт и има добиено повеќе од девет милиони гледања. Има постирано над 8.000 видеа, вклучувајќи многу клипови од државната телевизија.
Релативно нов од спектарот на канали, овие видеа од новинската агенција КЦНА автоматски се добиваат од веб страницата. Најмногу се воено-тематски видеа и со намера да биде ставен акцентот на на силата. Каналот има околу 250.000 пати посети.
DPRKMusicChannel, како што и кажува името, најмногу постира музички спотови од Северна Кореја, вклучувајќи клипови од државната телевизија. Има повеќе од д 1 милион пати посети. Исто така објавува и северн- лорејски филмови со преводи на англиски јазик, како што е “Цвет во снегот”.
Извор: Гардијан