Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охридската болница „Свети Еразмо„ се поднови со апарат за Магнетна Резонанца, пациентите нема веќе да патуваат во Битола, Скопје и Штип

0
By НОВА ТВ Balaban on September 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 30, 2021 15:10
Во болницата „Св. Еразмо“ се третираат сите итни случаи на локомоторниот апарат од југозападниот регион, како и елективна хирургија од областа на ортопедија и неврохиргија од целата држава, додека од соседните држави, најмногу пациенти имаме од Албанија и од Косово, вели во интервјуто за НоваТВ прим. д-р Ацо Велески, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид.

ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид има традиција повеќе од 70 години и со гордост можам да кажам дека ги третира сите болести и состојби од областа на ортопедија, трауматологија на локомоторниот апарат, неврохирургија и медицинска рехабилитација. А вчера во болницата пристигна и апаратот за Магнетна Резонанца од 1,5 Т (Тесла), што е од огромно значење за пациентите од регионот и пошироко, коишто за оваа дијагностичка метода патуваа во Битола, Скопје или Штип и на закажаните термини чекаа по неколку недели или месеци, вели во интервјуто за НоваТВ прим. д-р Ацо Велески, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид.

Тој додава дека овој апарат е во фаза на монтажа и за три до четири недели ќе биде пуштен во функција, а дека поставувањето на МРИ во оваа јавна здравствена установа е од огромно значење за лекарите за навремено поставување и уточнување на дијагнозите, како и за натамошен навремен и соодветен третман на пациентите. 
 Со кои апарати досега ги дијагностициравте состојбите кај пациентите?

– Досега на располагање во дијагностичките процедури, освен класичниот рентген апарат, имаме ултразвук и апарат за Компјутерска томографија.

Колку операции, прегледи и рехабилитации се извршуваат годишно во оваа болница?

– Годишно во ЈЗУ „Св. Еразмо“ до појавата на ковид-19 пандемијата, во просек се извршуваа 1.700 хируршки интервенции и околу 55.000 амбулантски прегледи. Од почетокот на пандемијата бројот на хируршки интервенции е намален и во  2020 година се извршени околу 1.000 хируршки интервенции и околу 35.000  амбулантски прегледи.

Колкаво население од Македонија и од поширокиот регион покривате со здравствени услуги? Од која соседна земја има најмногу пациенти? 
– Во болницата „Св. Еразмо“ се третираат сите итни случаи на локомоторниот апарат од југозападниот регион, како и елективна хирургија од областа на ортопедија и неврохиргија од целата држава, додека од соседните држави, најмногу пациенти имаме од Албанија и од Косово.
Колку се чека на преглед и интервенција во оваа установа, за оние кои не се итни? Поради ковид-19 пандемијата сигурно е намалена оперативната програма?

– Како што и претходно напоменав, бројот на хируршки интервенции и амбулантски прегледи е во извесна мера намален поради почитување на ковид-19 протоколите. Цело време функционира системот „Мој Термин“ за пациентите кои не се итни, додека итните случаи се третираат промптно. За елективните операции, најчесто за ендопротетика на колк и колено, времето на чекање е во просек до 3 месеци.

Д-р Велески, кои операции се Ваша специјалност како хирург-ортопед ?

– Како специјалист-ортопед ги извршувам сите оперативни интервенции од областа на траума на локомоторниот апарат, освен ‘рбетен столб и карлица. Од областа на ортопедијата, ендопротетика на колк и колена и артроскопија на колено и зглоб.

Колку лекари, медицински сестри, болничари и друг персонал во болницата се грижат за здравјето на пациентите ?

– Болницата располага со 27 лекари специјалисти од кои: 11 ортопеди, 4 анестезиолози, 2 неврохирурзи, 2 рентгенолози, 3 физијатри, 2 невролози, 1 хирург за пластична и реконструктивна хирургија. Во установата се вработени и 1 биохемичар, 1 педијатар, како и 68 медицински сестри и 34 болничари и административен персонал.

Д-р Велески, претпоставувам дека сигурно има и некои пациенти коишто биле примени како безнадежни случаи, а сте го кренале на нозе? 

– Секојдневно се среќаваме со такви случаи, третираме итни случаи од сообраќајни незгоди и падови од висина. Вистинско задоволство е кога таквите пациенти по третманот во нашата установа ќе ги видиме со насмевка на своето лице и повторно на нога, подготвени за понатамошно секојдневно нормално функционирање.

(Љ.Б.)

Ацо Велески Магнетна Резонанца операции Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.