Во Њујорк и Чикаго денеска стапува на сила законот според кој е-цигарите се забранети во рестораните, кафулињата и другите јавни места.
Во Чикаго електронските цигари ќе бидат забранети само на затворени јавни места, додека забраната во Њујорк важи и за парковите и плажите.
Оваа забрана предизвика најнови полемики меѓу корисниците, производителите и експертите од областа на медицината.
Според едни е-цигарите служат за превенција при популаризацијата на пушењето кај младите – добиле лош назив поради што луѓето ги мешаат со обичните цигари.
Поборниците на е-цигарите веруваат дека забраната лошо ќе влијае на луѓето кои сакаат алтернатива за тутунските производи.
Законодавците од друга страна сметаат дека тие цигари сепак имаат никотинска основа и арома која потсетува на бомбони што посебно им одговара на младите луѓе.