НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвенковска за МИА: До Судскиот совет поднесени околу 480 претставки за утврдување одговорност кај судии

0
By НОВА ТВ Balaban on October 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таа во интервјуто вели дека во моментов имаме околу 490 судии, што значи повеќе од европскиот просек, но и дека и во ваква ситуација имаме неажурни судови, кои не успеваат да ги совладаат сите предмети.

Во Судскиот совет има околу 480 претставки за утврдување одговорност кај судии поднесени од граѓани, правни лица, невладини организации.

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, во интервју за МИА вели дека сите претставки се распоредени кај членовите на Судскиот совет и дека за толкав број претставки е неопходно подолго време додека ги поминат сите, а во меѓувреме постојано стигаат и нови.

– Судскиот совет еднаш во месецот одржува седница посветена на граѓанските претставки и на тие седници се носат одлуки за десетици предмети, откако претходно членовите на Советот ќе реферираат за секоја претставка одделно, појаснува Црвенковска.

Таа во интервјуто вели дека во моментов имаме околу 490 судии, што значи повеќе од европскиот просек, но и дека и во ваква ситуација имаме неажурни судови, кои не успеваат да ги совладаат сите предмети.

– Ако бројот на судии се намали, тогаш пропорционално ќе расте бројот на нерешени предмети и ние постојано ќе го трупаме судството со нови и нови предмети, вели Црвенковска.

Претседателката на Судскиот совет не се согласува со одредени заклучоци и мислења од спроведениот мониторинг за работата на Судскиот совет, бидејќи, според неа, не соодветствуваат на реалната состојба, на реалните ситуации што се во Судскиот совет.

Целото интервју со Претседателката на Судскиот совет МИА ќе го објави утре.

Павлина Црвенковска претставки Судскиот совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.