НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Грозданова: Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор, вакцинација со трета доза со Фајзер, по 6 месеци

0
By НОВА ТВ Balaban on October 2, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Aleksandra Grozdanova
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Причините за помала ефикасност најверојатно вклучуваат опаѓање на имунитет со текот на времето, појавата на Делта варијанта и различниот одговор за повозрасната популација и имуно-компромитираните пациенти, истакна проф. д-р Александра Грозданова 

Вакцините за заштита од Ковид-19 и по појава на Делта сојот обезбедуваат висока заштита од вирусот, ја намалуваат потребата од хоспитализација и компликации од болеста, a нивната комбинирана употреба може да создаде поширок  имунолошки одговор, истакна проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација во неделната онлајн дискусија организирана во Лекарска комора на РСМ.

Проф. д-р Грозданова пред големиот број на присутни доктори на медицина даде осврт кон развојот на вакцините за заштита од Ковид 19 кои се користат во светот и презентираше преглед на најрелевантните научни студии за ефикасноста на вакцините пред појава на Делта сојот и потоа. Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Гривчева ја истакна важноста на овие настани за размена на сознанија и искуства кои се организираат со цел да се олесни секојдневното практикување на медицината.

„Според студиите објавени во стручни списанија со голем импакт фактор „Lanset” и „The new England journal of medicine” пред појавата на Делта сојот, Фајзер и Модерна покажуваат од 87% до 100% заштита од симптоматски Ковид -19 и од 80% до 93% заштита од асимптоматска инфекција. Астра Зенека во студии во Велика Британија покажала ефикасност од 60% во заштита од симптоматска инфекција и 70,4% заштитата од симптоматска инфекција од британскиот сој. Спутник во студии направени во Русија покажува 97,6% заштитата од инфекција, додека Синофарм  според студии во ОАЕ и Бахреин покажува ефективност од над 90% “, истакна проф. д-р Грозданова.

Во светот се уште постои голем интерес за производство на вакцини кои штитат од Ковид 19. Во моментов има 185 вакцини кои се во пред клиничка фаза, 40 се во различни фази на клиничко испитување, 21 вакцина се достапни во светот од кои само 8 имаат добиено одобрение за пуштање во употреба.

„Вакцините се ефективни во спречување на хоспитализација и тешка форма на болест и по појавата на Делта сојот, но може да бидат помалку ефикасни во спречување на инфекција или развивање на поблаги симптоматски заболувања. Причините за помала ефикасност најверојатно вклучуваат опаѓање на имунитет со текот на времето, појавата на Делта варијанта и различниот одговор за повозрасната популација и имуно-компромитираните пациенти. Несаканите сериозни реакции се навистина ретки, според податоците кои кај нас ги прибира МАЛМЕД не сме имале ниту еден случај на животно-загрозувачка реакција како последица на овие вакцини. Бројот на несакани реакции е далеку помал од ризикот кој го носи болеста, така што бенефитот од вакцинацијата против Ковид-19 е на високо ниво”, истакна проф. д-р Грозданова.

 Заради падот на ефективноста на вакцините се даваат препораки за бустирање на имунолошкиот одговор со трета доза на вакцина. Националната комисија за имунизација препорача вакцинација со трета доза на вакцина кај ризични групи: здравствени работници, независно од возраста, пациенти на дијализа, трансплантирани пациенти и имунокомпромитирани, лица над 60 години. Вакцинацијата со трета доза ќе се спроведува со вакцините на Фајзер, по поминати 6 месеци од примањето на втората доза.

 „Во однос на комбинирање на вакцините кое се јавува како прашање и од аспект на безбедност и на ефикасност, давањето на различна прва во однос на втора доза или различна буст доза дава можен поширок имунолошки одговор и појак бустер ефект. Студии направени во Велика Британија и во Шпанија покажаа одличен ефект од комбинација на Астра Зенека и Фајзер, комбинирање на Астра Зенека со Спутник, како и комбинација на Фајзер со Џонсон и Џонсон. Вакви искуства веќе имаат и Канада, Франција, Данска, Норвешка, Данска, Шведска кои заради забраната за давање на Астра Зенека на помлади, по примена прва доза од оваа вакцина како втора даваа Фајзер или Модерна”, истакна проф. д-р Грозданова.

 Таа упати порака за важноста на вакцинацијата на трудници, бидејќи на тој начин прво се заштитува мајката, а потоа преку пасивниот имунитет и новороденчето. Во однос на комбинирањето на вакцината за заштита од Ковид-19 и  онаа за заштита од сезонски грип, проф. д-р Грозданова даде препорака дека може двете да се примат во ист ден, или на временско растојание од две недели.

Александра Грозданова Вакцините Комбинирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.