Владата денеска донесе одлука за намалување на стапката на Данокот на додадена вредност за бебешките производи, училишниот прибор и сточната храна и адитивите на сточна или добиточна храна и жив добиток.
Премиерот Никола Груевски истакна дека новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што треба да се случи кон крајот на мај или во почетокот на јуни.