Француската полиција успеа да открие и заплени 700 килограми кокаин во пратка од дваесет тони ракчиња која ја превезувале со камион две лица кои сега како осомничени се приведени во акцијата изведена кај градот АВР, кој се наоѓа во северозападниот дел на земјата.
Полицајците го запреле камионот додека излегувал од пристаништето, во кој имало четворица мажи.
Меѓу пакетите ракчиња од Еквадор, пронашле 11 вреќи со вкупно 687 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар достигала 40 милиони евра.
Еден осомничен е приведен а другите избегале, како и уште еден маж што со своето однесување го привлекол вниманието на пристаништето, рекол изворот.