Легендарниот актер Боб Хоскинс почина на возраст од 71 година. Неговиот агент изјави дека тој починал во вторникот, опкружен со своето семејство и дека страдал од пневмонија.
Тој се пензионираше во 2012 по дијагноза со Паркинсонова болест во есента 2011 година.
Еден од најсаканите актери во Велика Британија, Хоскинс беше познат по неговата грубост и по кариера која траеше повеќе од 30 години. Тој стана славен најпрво на малите екрани во а потоа во кината како Лондонски гангстер кој стана бизнисмен во Долгиот велик петок (1980).
Хоскинс имаше водечки улоги во Бразил (1985), Мона Лиза (1986), Кој го намести Зајакот Роџер? (1988) и Мермејдс (1990) и Супер Марио Брос (1993) – кои тој ги опиша во Гардијан во интервјуто од 2007 како “најлошото нешто што некогаш сум го сторил”.