Џереми Паксман го напушта Њузнајт на Би-Би-Си 2 по 25 години откако е на чело на оваа легендарна емисија.
Би-Би-Си изјави дека тој ја направил својата одлука минатото лето, но “великодушно се согласил” да остане до јуни за да му помогне на шоуто низ “тешкиот период”, кој дојде откако беше одлучено да не се известува за педофилскиот скандал и злоупотребата на деца од страна на телевизискиот презентер на ББЦ, Џими Сејвил.
Паксман рече дека е “време да замине”, а тој “, и дека би сакал да оди во кревет во исто време како и повеќето луѓе”.
Генералниот директор на ББЦ, Тони Хол рече дека паксман , 63, е “редок и блескав талент”.
“Тој има уникатна способност да создаде моменти на вистинска непријатност за политичарите и незаборавно уживање за публиката”, рече г-дин Хол.
“За таа брилијантност и многу повеќе покрај тоа, BBC и нашата публика секогаш ќе му должат”.
Паксман сепак ќе продолжи да го презентира Универзитетскиот предизвик, на чие чело е од 1994 година.
Интервјуто кое го направи планетарно славен- со екс- министерот за внатрешни Мајкл Хауард, кога му поставува едно прашање 14 пати и овој не одговара (1997)
Паксман со Тони Блер
Паксман со Бил Гејтс
Паксман со директорот на Кока-Кола