Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку физичката активност придонесува за долговечност?

0
By НОВА ТВ on October 4, 2021 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 14:25

За да ги зголемиме шансите за долг живот, веројатно треба да направиме најмалку 7.000 чекори дневно или да играме спортови како тенис, возење велосипед, пливање, џогирање или бадмингтон повеќе од 2,5 часа неделно, покажуваат две нови студии од за врската помеѓу физичката активност и долговечноста, пишува „Њујорк тајмс“. Во двете студии со децении беа следени повеќе од 10.000 мажи и жени и покажуваат дека вистинските типови и количини на физичка активност го намалуваат ризикот од прерана смрт за дури 70 проценти.

Но, тие исто така сугерираат дека може да има горна граница за придобивките од активноста кон долговечноста и туркањето над тој плафон веројатно нема да додаде години на нашиот животен век и, во екстремни случаи, може да биде штетно.

Многу истражувања веќе покажуваат дека активните луѓе ги надживуваат оние што ретко се движат. На пример, една студија од Центрите за контрола и превенција на болести во 2018 година, покажува дека околу 10 проценти од сите смртни случаи кај Американците на возраст од 40 до 70 години се резултат на премалку вежбање. Една европска студија од 2019 година покажа дека две децении неактивност го удвојува ризикот од смрт на младите од Норвешка.

Но, научниците се уште не утврдиле точно колку движење може најсилно да влијае на долговечноста. Ниту е јасно дали може да се претера со вежбањето, потенцијално придонесувајќи за пократок животен век.

Тие теми се разгледуваат во двете нови студии, а онаа објавена овој месец во JAMA Network Open се фокусира на направените чекори на дневно ниво. Повеќето од нас се запознаени со броењето на чекори како цел на активност, бидејќи нашите телефони, паметни часовници и други трагачи на активност обично поттикнуваат да преземаме одреден број чекори секој ден, најчесто по 10.000. Но, сегашните научни сознанија не покажуваат дека треба да се трага по 10.000 чекори за здравје или долговечност.

Истражувачите од Универзитетот во Масачусетс, Ц.Д.Ц. и други институции се прашуваа дали, наместо тоа, помалиот број на вкупни чекори може да бидат поврзани со подолг живот. Така, тие се свртеа кон податоците собрани во последниве години од голема студија за здравјето и срцевите заболувања кај средовечни мажи и жени. Повеќето од учесниците се приклучиле на студијата пред околу 10 години, кога биле на возраст од 40 години. Тогаш ги завршиле медицинските тестови и ги следеле физичките активности со броење на чекорите секој ден.

Сега, истражувачите имаат собрано записи за 2.110 од учесниците и ги провериле нивните имиња во регистрите на починати. Откриле дека 72 учесници починале во изминатата деценија, што е релативно мал број, но не е изненадувачки со оглед на релативната младост на луѓето. Но, научниците исто така забележале силна поврзаност со броењето на чекори и смртноста. Оние мажи и жени што акумулирале најмалку 7.000 дневни чекори кога се приклучиле на студијата, имале околу 50 проценти помала веројатност да починат, отколку оние кои направиле помалку од 7.000 чекори, а ризикот од смртност продолжува да опаѓа со зголемувањето на бројот на луѓето, достигнувајќи го највисокото ниво од 70 проценти помали шанси за рана смрт кај оние што преземаат повеќе од 9.000 чекори.

Но, на 10.000 чекори, придобивките се израмнети. „После одредена точка се регистрира пад“, вели Аманда Палуч, доцент по кинезиологија на Универзитетот во Масачусетс, која ја предводеше новата студија. Луѓето кои правеа повеќе од 10.000 чекори дневно, дури и многу повеќе, ретко ги надживеаја оние што направија најмалку 7.000.

Сепак, втората студија, објавена во август во Mayo Clinic Proceedings, се однесува на приближно исти нивоа на активност. Оваа студија вклучува податоци од децениската студија Институтот во Копенхаген, кој регрутирал десетици илјади дански возрасни лица од 1970-тите и се собирале податоци за тоа колку часа неделно тие тренираат или вежбаат, вклучувајќи велосипедизам, тенис, џогирање, пливање, ракомет, кревање тежина, бадмингтон, фудбал и други.

Истражувачите се фокусираа на 8,697 Данци од студијата, кои се приклучиле во 1990 -тите и ги споредиле нивните навики за физичка активност од тогаш со нивните имиња во регистрите на починати. За околу 25 години откако се приклучиле во истражувањето, околу половина биле починати. Но, оние кои информирале дека имаат некаква физичка активност помеѓу 2,6 и 4,5 часа неделно кога се приклучиле, имале 40 проценти помали шанси да починат отколку помалку активните луѓе.

Преведувањето на тие часови на тренирање во броење чекори не може точно да се утврди, но истражувачите проценуваат дека луѓето кои вежбаат 2,6 часа неделно, или околу 30 минути во повеќето денови, најверојатно ќе акумулираат околу 7.000 до 8.000 чекори, додека оние што вежбаат 4,5 часа неделно, најверојатно ќе се приближат до прагот од 10.000 чекори.

При вакви услови првата студија покажува придобивки за подолг животен век. Но, во оваа студија придобивките изненадувачки се намалија кај лицата што тренирале десет часа или повеќе неделно, или околу 90 минути повеќето денови.

„Кај активната група, што тренира повеќе од 10 часа неделно, се губи околу една третина од придобивките за долговечност“, во споредба со луѓето кои вежбаат 2,6 до 4,5 часа неделно, вели д-р Џејмс Киф, професор по медицина на Универзитетот во Мисури и директор на Институтот за превентивна кардиологија „Свети Лука“.

Сепак, двете студии се асоцијативни, што значи дека тие покажуваат дека физичката активност е поврзана со животниот век, но не и дека ако луѓето се поактивни тоа директно ќе предизвика продолжување на животниот век.

И двете студии го посочуваат дека активноста влијае позитивно на долговечноста кога се прават 7.000 до 8.000 чекори на ден или околу 30 до 45 минути вежбање повеќето денови. Доколку се вежба повеќе од ова само минимално може да се зголемат шансите за подолг живот, рече д -р Киф. Тој вели дека надминувањето на одредена точка, може да биде контрапродуктивно.

„Броењето чекори може да биде добро за некој што нема време да се вклопи во подолг период на вежбање. Но, ако некој спорт најдобро одговара на вашиот животен стил, тоа е исто така одлично. Идејата е само да се движиме повеќе“, вели доктор Палуч.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.