Според последните резултати од истрагата, многу е веројатно хероинот да бил дел од причините за смртта на Пичес Гелдоф, пренесува BBC. Резултатите од токсикологијата покажуваат дека во нејзиниот систем имало дрога.
Пичес Гелдоф, ќерката на музичарот Боб Гелдоф и Пола Јетс, која исто така почина од предозираност од хероин, го загуби животот на 25 години.
Полицијата нејзината смрт ја соопшти како „неочекувана и необјаснета“.
Пичис е родена 1989 година и уште на 15 години започнала да пишува во магазинот “Elle”, а на 16 ја напуштила родителската куќа.
Подоцна пишуваше колумни за „Telegraf” i „Gardian“, а работеше и како ТВ водителка. Зад себе остави два сина од бракот со Томас Коен.