НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најголемиот здравствен институт во Њујорк отпушти 1.400 невакцинирани лица

0
By НОВА ТВ on October 5, 2021 ЗДРАВСТВО
ФОТО: Newsday
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нортвел Хелт, најголемата институција за пружање здравствена заштита во државата Њујорк, во понеделникот објави дека 1.400 вработени – помалку од два процента од нејзиниот персонал – одбиле да се вакцинираат против коронавирусот и дека мора да ги напуштат своите работни места, пишува Њујорк Тајмс.

Властите во Њујорк решија повеќе од 650.000 медицински персонал и вработени во домови за нега на стари лица задолжително да бидат вакцинирани, а одлуката стапи на сила минатата недела, по што десетици илјади вработени решија да ја примат првата доза. Други поднесоа тужби, а судиите низ државата одредуваат кога и како да дозволат исклучоци од одлуката.

Одлуката во Њујорк е особено строга: за вработените ќе нема можност за неделно тестирање или пак исклучоци од верски причини, иако второто е оспорено пред судовите.

Администрацијата на Бајден ги постави условите за вакцинација на здравствените работници, како дел од напорите да се вакцинираат што поголем дел од граѓаните, а многу медицински работници, особено оние во големите болнички системи како Нортвел, се чини дека ги почитуваат одлуките.

Во државата Њујорк, 87 проценти од медицинскиот персонал бил целосно имунизиран до 29 септември, според државните здравствени податоци.

Можноста за недостаток на персонал се појави пред да стапи на сила одлуката, па затоа гувернерката Кети Хочул минатата недела прогласи вонредна состојба што ќе и овозможи да распореди војници на Националната гарда, да ги забрза визите за работниците од странство и да регрутира новодипломиран кадар или пак неодамна пензионирани здравствени работници, со цел да се пополни дупката.

Досега бројот на медицински работници во Њујорк кои ги напуштија своите работни места е релативно мал, и се чини дека нема да резултира со недостаток на персонал во голем обем што може да ја компромитира грижата за пациентите. Сепак, плановите за вонредни состојби на гувернерот ги одразуваат стравувањата дека болниците во Њујорк би можеле да бидат загрозени на ист начин како што беа болниците во делови од земјата поради индиската мутација.

Од Нортвел, каде се вработени повеќе од 76.000 луѓе, соопштија дека вакцинирањето на сите вработени ќе им овозможи „да обезбедат исклучителна грижа во сите болници и сите капацитети да останат отворени и целосно оперативни“.

„Нортвел презеде брз, агресивен пристап за успешно да се придвижи кон целосна усогласеност со планот за вакцинацијата, додека се одржува континуитетот на грижата и дава гаранција дека нашиот висок стандард за безбедност на пациентите нема да биде загрозен на кој било начин“, се додава во соопштението.

Некои работници од Нортвел протестираа против задолжителната вакцина кога за првпат одлуката беше објавена во август.

Џон Тринчино, како дел од здравствениот персонал рече дека минатата недела бил отпуштен од работа во Универзитетската болница Стејтн Ајленд, во Нортвел. Тој рече дека бил претходно заразен со „Ковид-19“ и смета дека антителата стекнати од заразувањето ќе штитат од понатамошна болест.

Тринчино додаде дека задолжителната вакцинација ги прекршува неговите граѓански слободи и не планира да се вакцинира.

„Сето ова ќе доведе до полоша грижа за пациентите, и јас сум згрозен од тоа“, рече тој.

Џо Кемп, портпарол на Нортвел, рече дека компанијата жали што загубила работници поради вакцинирањето. Тој рече дека неколку илјади вработени се вакцинирале како што се ближи крајниот рок, и дека некои кои првично ги загубиле своите работни места, откако се вакцинирале се вратиле на работа.

Работниците со кои е раскинат договорот имаат можност да се вратат на работа за 30 дена, рече Кемп, иако Нортвел отвори повик за нови вработувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.