НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зврлевски: Кривичната за Македонска банка е примена, ама не можам многу да кажам

0
By Сашка Цветковска on May 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на денешната прес конференција која беше свикана за да се промовира одделението за односи со јавност во обвинителството изјави дека ја примил кривичната пријава за аферата со мито „Македонска банка“, но одби да дава детали за пријавата, истакнувајќи дека обвинителот самиот проценува дали и колку од информациите во врска со одреден случај ќе ги сподели со јавноста.

-По однос на кривичната пријава можам да кажам дека е дадена на работа, односно земена е во анализа, а уште сега не можам да коментирам кои чекори понатаму ќе се преземат, рече обвинителот Зврлевски.

На прашањето дали ќе има кривична пријава за случајот со Загорац Тумбовски и обвинувањата дека тој давал кеш-пари на ВМРО ДПМНЕ, Зврлевски рече тие ќе го разгледаат случајот, но тој, според него бил „случај со низок степен на доверливост“.

Дополнително, Зврлевски објасни дека квалификацијата „низок степен на доверливост“ значела дека немале многу информации освен „вербални обвинувања на еден човек“.

Зврлески потврди дека обвинителството има случај и во аферата „Актор“ информирајќи дека сметките на компанијата повеќе не се замрзнати бидејќи штетата од тоа ќе била поголема.

Државниот обвинител не знаеше да одговори дали финансовата директорка на „Актор“ е во бегство или не, односно дали е достапна на органите на правдата.

Денешната прес-конференција државниот обвинител ја свика за да го промовира одделението за односи со јавност и именувањето на портпарол на државното обвинителство, чин кој според него, бил „историски“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.