НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нафтата поевтини, најмногу зајакнаа акциите на берзата во Хонг Конг

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Закрепнувањето на акциите на Волстрит е резултат на зголемениот оптимизам во однос на договорот за зголемување на плафонот на американскиот долг.

Светските пазари на капитал денеска растат, а најмногу зајакнаа акциите на берзата во Хонг Конг, додека нафтата поевтини.

Главниот берзански индекс во Хонг Конг, Ханг Сенг, скокна за 2,41 проценти до попладневното тргување по локално време, поттикнат од растот на цените на акциите на кинеските технолошки гиганти Тенцент и Алибаба за 3,45 проценти, односно 5,54 проценти, јави Си-Ен-Би-Си.

Јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 0,93 проценти, а Топикс порасна за 0,22 проценти. Јужнокорејскиот Коспи напредуваше за 1,73 проценти, а тајванскиот Тајекс за 1,83 проценти.

Акциите во Австралија исто така пораснаа, при што индексот S&P/ASX 200 порасна за 0,63 проценти.

Најширокиот берзански индекс на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските, забележа раст од 1,52 проценти.

Берзите во континентална Кина и денеска се затворени поради празници.

На берзата во Њујорк, индустрискиот индекс Дау Џонс се зголеми за 102,32 поени на 34.416,99 поени во текот на ноќта, а S&P 500 зајакна за 0,41 проценти, на 4.363,55 поени. Технолошкиот Насдак Композит забележа раст од 0,47 отсто на 14,501,91 поени.

Закрепнувањето на акциите на Волстрит е резултат на зголемениот оптимизам во однос на договорот за зголемување на плафонот на американскиот долг. Тргувањето на глобалните берзи е разнишано од почетокот на октомври поради стравот на инвеститорите од зголемените каматни стапки и инфлација.

На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на кошницата на ривалите, изнесуваше 94.226 поени, откако неодамна порасна од нивото под 94.2 поени.

Јапонскиот јен се тргуваше по 111,41 јени за долар, зајакнувајќи малку од вчерашното ниво од над 111,6 јени.

Цените на нафтата ослабнаа во попладневното тргување во Азија, при што фјучерсите на нафтата од типот Брент паднаа за 0,52 проценти на 80,66 долари за барел, додека американските фјучерси на нафтата WTI паднаа за 0,97 проценти на 76,68 долари за барел.

нафтата поевтини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.