Од седум основни училишта од општина Центар, 200 деца денеска пееја и играа во ритмот на седум различни култури. Присутните имаа прилика да уживаат во изведбата на македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, влашкиот, босанскиот и ромскиот мелос.
„Ние, возрасните треба да го следиме вашиот пример. Да ги разликуваме луѓето не по националност и вера, туку по добрина и дела. И моите два сина ги учам дека животот е премногу кус за да се живее тажно, да се делиме и караме. Затоа да направиме овој свет да биде шарен, а не безбоен“ порача градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Тој потенцираше дека неговата општина секогаш ќе ги подржува и ќе учествува во организирање во вакви проекти.