Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе има тројна проверка на гласањето, во ДИК се полнат уредите за биометриска идентификација на гласачите

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 7, 2021 15:47

Прво ќе се гласа со отпечаток на прст. Ако се случи да не го препознае, што се поретки случаи, тогаш ќе се извади лична карта или пасошот кој прво се покажува, па се става во МРЗ-скенерот, кој е долу под апаратот се става документот за идентификaција и го препозанава, па излегуваат податоците што се во избирачкиот список, фотографија, име и презиме, адреса, матичен број на лицето гласач. И третиот начин е ако не го најде по лична карта, тогаш се впишува матичниот број и повторно излегуваат истите податоци за да му се овозможи на секој гласач да гласа, појасни Даштевски.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, соопшти дека денеска се стигнати уште 600 уреди за биометриска идентификација на гласачите, а утре ќе дојде и последниот камион со уште 1.000. Во моментов во ДИК се полнат сите уреди за биометриска идентификација на гласачите со податоците од избирачките места. Секој апарат ќе има податоци од тоа избирачко место и таму се тие луѓе што треба да гласаат.

– Ќе биде офлајн, а не онлајн. Апаратот работи на струја, внатре има вградено литиумски батерии кои траат по 12 часа, но може да се полнат. Ако снема струја, продолжува гласањето со батерии, кога ќе дојде повторно се вклучува во струја. Нема никаков проблем ни со интернет, бидејќи уредите се офлајн, не се поврзани со интернет и ќе се одвива гласањето, изјави Даштевски, одговарајќи на новинарско прашање по симулацијата на постапката на гласање и презентација на уредите. Додаде дека уредите кои првпат ќе бидат применети на претстојните локални избори, ќе бидат наполнети до крајот на викендот,  доверливиот материјал обично се носи во четврток, а тие ќе се носат во петок, пред изборите.

Даштевски објасни како ќе се одвива гласањето и дека ќе има тројна проверка. Прво ќе се гласа со отпечаток на прст. Ако се случи да не го препознае, што се поретки случаи, тогаш ќе се извади лична карта или пасошот кој прво се покажува, па се става во МРЗ-скенерот, кој е долу под апаратот се става документот за идентифиакција и го препознава, па излегуваат податоците што се во избирачкиот список, фотографија, име и презиме, адреса, матичен број на лицето гласач. И третиот начин е ако не го најде по лична карта, тогаш се впишува матичниот број и повторно излегуваат истите податоци за да му се озовоможи на секој гласач да гласа.

Во случај ако се потрошени резервите, ако нема струја, ако е некоја рурална средина, тогаш ќе има класично гласање со УВ-ламба и спреј. Во тој случај, како што појасни, во избирачкиот список ќе има место каде се колектира оптпечатокот на прст на графитно перниче. Се остава отпечатокот на избирачкиот списиок на  хартија и потоа се проверува во ДИК дали се работи за тоа лице.

Даштевски рече дека можноста да се расипат апаратите е до 5 отсто, а ние имаме купено резерви од 15 отсто и додаде дека ваква можност ќе биде ретка или можеби нема да се појави.

– Вкупниот број на уреди е 4.000, а имаме 3.480 избирачки места што значи 520 апарти ќе бидат вишок и ќе бидат распоредени по потреба, изјави Даштевски. Додаде дека во Скопје и во поголемите градови каде има повеќе избирачки места, ќе бидат оставени повеќе, а во помалите општини ќе се остави по еден за да има доволно секаде.

Компанијата којашто ни помага, како што рече, ќе направи список каде се најпотребни, каде треба повеќе, а каде помалку.  Даштевски информира дека досега се обезбедени 60 луѓе за обука на техничкиот дел во врска со уредите, а ги обучуваат претседателите на избирачите одбори, нивните заменици и уште едно лице. Доколку не се во можност да останат на терен, одредуваат лице кое ќе ја врши работата во нивно отсуство. Има 70 луѓе обезебедно кои работа во смени и викенди и треба да обезбедат 80 луѓе кои на денот на изборите треба да има помгаат на нашите луѓе, доколку дојде до некој проблем да се реши.

Александар Даштевски биометриска идентификација уреди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.