Капетанот и неговиот помошник од панамскиот брод „Вера Су“, што се насука во бугарските територијални води од Црно море, се притворени на 72 часа, јави БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, против нив ќе биде поднесено обвинение, а побарана е мерка притвор.
По повеќе од шестчасовното сослушување, морнарите од бродот се ослободени.
Иследниците од бугарската Национална истражна служба се очекува утре да пристигнат во Добрич, за да ја продолжат истрагата за случајот.
Од бродот досега се одземени сите потребни документи што би користеле за истражните органи.
Бугарски капетан ќе го преземе управувањето со панамскиот брод, што се насука во близина на природниот парк Јајла, поради што оваа тема стана многу чувствителна во бугарскиот јавен простор.