Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романската влада не го издржа гласањето недоверба во Собранието

0
By НОВА ТВ on October 8, 2021 СВЕТ
Romanian Prime Minister Florin Citu | Daniel MihailescuI/AFP via Getty Images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 8, 2021 10:13

Владата во Романија падна откако владејачката централно-десничарска коалиција предводена од Флорин Кицу не го издржа гласањето на наедоверба во Собранието.

Опозициската левоцентристичка Социјалдемократска партија (ПСД) и екстремно десничарската Алијанса за единство на Романците (АУР) се приклучија во поддршката на иницијативата за недоверба на поранешните членови на коалицијата од Унијата за спасување на Романија.

Падот на Владата може да доведе до предвремени избори во Романија, кои се активираат кога на премиерот и неговиот кабинет ќе му биде изгласана недоверба двапати по ред од страна на пратениците. Тоа може да потрае со месеци, оставајќи ја земјата во неизвесност, а социјадемократите побараа избори што е можно поскоро.

Кицу рече дека „сите опции остануваат на маса“, вклучително и неговото останување на чело на малцинската влада, што би имала драстично ограничени овластувања во споредба со онаа што ја поддржуваат мнозинството пратеници.

„Ова е апсурдно. Кафка би бил горд“, додаде тој. Коалицијата се распадна минатиот месец кога реформаторската УСР ги повлече своите министри од владата поради несогласувања околу планот за трошоци за развој и правосудните реформи.

Политичката криза во Романија се случува во период на четвртиот смртоносен бран на пандемијата од коронавирусот.

Романскиот здравствен систем е пред крах поради недостигот на кревети во одделите на интензивна нега, бидејќи само околу една третина од возрасните примиле вакцина против КОВИД-19, а официјалните лица велат дека размислуваат да поднесат официјално барање за други земји да преземаат пациенти со коронавирус.

Во меѓувреме, порастот на цената на енергијата во Европа ја погоди и Романија, генерирајќи висока инфлација и стравувања за трошоците за живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.