Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциската нема храброст да ја контролира Владата

0
By Сашка Цветковска on February 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 8, 2013 15:31

Последниот, актуелен состав на Антикорупциската комисија под водство на Љубинка Корабоска е најлошиот состав досега, може да се заклучи од експертската анализа на “Институтот за демократија Социетас Цивилис”. Без ниту една иницијатива за корупција на високо и врвно ниво, и со мала видливост во јавноста, вака експертскиот тим кој работел на ова истражување ја оценува работата на актуелниот состав.

За најдобар состав досега е оценет првиот состав на Антикорупциската комисија, во кој членови беа и претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева, како и поранешниот министер за правда, Михајло Маневски. Функционирал со најмалку пари и луѓе, но, успеал и покрај сите пречки, од новоформираното тело во 2002 да ја етаблира и да и даде гласност на институцијата.

Вториот состав, пак, е оценет како состав со помало професионално искуство, но, се потенцираат и забелешките од Европската комисија која составот го цени за пристрасен и политички мотивиран. Првиот состав имал и најмногу иницијативи за корупција на високо ниво, вториот имал само една таква иницијатива, а третиот состав нема ниту една.

Заклучоците од истражувањето се дека досието на Антикорупциската комисија покажува дека комисијата не е независна, но и дека нема храброст и лидерство за да ја контролира Владата.

Последниот, трет, состав на Антикорупциската се бираше во 2011 година. Тогаш, во отсуство на опозицијата, се реизбраа повеќе од старите членови, меѓу кои и Мирјана Димовска, а за нов член и претседател беше назначена Љубинка Коробовска, жената чиј професионален бекграунд предизвика многу контроверзи. Па така, наместо правник или економист, како што предвидува законот, менаџерот по туризам со 15 реда биографија седна на претседателската фотеља на Антикорупциската. Контроверен беше и изборот на членот Љубинка Љубинка Муратовска-Маркова, баба на портпаролот на МВР Иво Котевски и мајка на апелациската судијка Маја Маркова – Котевска.

Ревизорските извештаи, наодите на ревизорите за Скопје 2014, финансиските извештаи за партиите, ревизорските извештаи за дупките во правдањетпо ан трошењето на парите од страна на институциите, финансирањето на кампањите, минусот на ВМРО ДПМНЕ од три милиона евра во завршната сметка од претходните избори и други актуелности од областа на корупцијата ниту еднаш не се најдоа на дневен ред на работата на ова тело.

Последната одлука на комисијата да и дава амин на Владата за вработувања во предизборниот период надвор од својот мандат, уште еднаш, според експертите, го потврди недостатокот од интегритет, професионалност и транспарентност. Повеќето експерти за Нова оваа одлука ја оценија како “дејствување без преседан” и во функција на власта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.