НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска: Скопје ќе биде град на фестивали

0
By Ана Василевска on October 10, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Возобновен фестивалот „Златно Славејче“, поголема финансиска поддршка за „Скопски Џез фестивал“ се само дел од решенијата во програмата за култура на независната кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција.

„На Скопје му е потребна нова енергија, потребни му се културни случувања. Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. „Златно славејче“ кое е симбол на Скопје ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на „Скопје Џез Фестивал“.
Само на тој начин ќе се гарантира популаризација, одржување и подем на овој фестивал кој го зазема своето место на листата најквалитетни џез фестивали во овој дел од Европа“, истакна Арсовска.

Таа додаде дека покрај функционална Универзалната сала ќе се изгради и концертна арена на отворено. Како дел од програмата е заживување на Старата чаршија преку проектот Ритамот на чаршијата, а ќе се посвети и дополнителна грижа за зачувување и популаризација на Куршумли Ан, Капан Ан, Сули Ан, Чифте Амам, Даут-пашин Амам и Безистенот. Во соработка со Општина Аеродром ќе се инвестира во нов мултифункционален културен центар во Ново Лисиче со кино и театар во општина Аеродром, додека пак со реализација на проектот Младите креираат во МКЦ ќе им се помогне на сите млади артисти со поддршка на нови и алтернативни настани. Планирана е организација и на Меѓународно Биенале на Град Скопје во сеќавање на скопскиот земјотрес, преку преку организирање на ликовни колонии и изложби кои ќе дадат слика за развојот на Скопје преку уметничка призма.

Според Арсовска доста е од ветувања без реализација посебно кога станува збор за ветувањата за реновирање на Универзалната сала.

„Цели четири години има само најави дека Универзална сала ќе се реновира, а 10 дена пред избори нешто се случува колку да се покаже дека е решено. Но, не е, бидејќи реализиран проект е кога ќе може скопјани пред себе да ја видат салата реконструирана во целост“, додаде Арсовска.

Град Скопје локални избори 2021
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.