НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров на пресот со Вучиќ: Разговорите со Косово во рамки на Резолуцијата 1244

0
By Mirjana on October 10, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија почна да ги дочекува големиот број делегации по повод 60 години од Движењето на неврзаните. На аеродромот гостите беа дочекувани според српската традиција со леб и сол.

Со делегациите на Непал, Гана, Ирак, Алжир, веќе било разговарано за можни бизнис зделки. Но секако најголемо внимание предизвика средбата на српскиот претседател Вучиќ и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со кого имаа заедничка прес конференција.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој допатува во Белград на Самитот на Неврзаните, на вечерашната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Русија секогаш се залага за решение за прашањето за Косово кое може да се заснова само на Резолуцијата 1244 и во рамките на дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Време е да се формира Заедницата на српски општини (ЗСО) и други, а не е на чест попустливоста на ЕУ кон Албанците на Косово, изјави Лавров на прес-конференцијата и додаде дека „треба да се исполнат минимум од договорите постигнати за ЗСО, кои треба да се спроведат без одлагање и ние ќе инсистираме да се спроведат“.

Тој потсети и на поддршката за Србија поради неодамнешната ситуација на административниот премин Јариње и дека Русија ќе прифати какво било решение „што ќе одговара на Србија и српскиот народ“.

Лавров кажа дека разговарал со Вучиќ за ситуацијата на Балканот и изјави дека Србија е „најважниот фактор на мирот и стабилноста во регионот“ и дека „нејзиното мислење мора да се земе предвид во сите прашања“.

Претседателот Вучиќ по средбата со Лавров изјави дека ова се „нивните најискрени и најотворени разговори досега“.

-Разговаравме за целата ситуација во регионот и со моите стравови во врска со положбата на нашата земја и нашиот народ во регионот, го запознав рускиот министер за надворешни работи и го добив гледањето на Руската Федерација и важни совети, кажа Вучиќ.

Тој оцени дека е горд на „исклучително добрите односи што Србија ги има со Русија“, и оти се надева дека пред крајот на годината ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин.

-Горди сме на нашата воена неутралност и во согласност со тоа, ќе продолжиме не само да ја штитиме нашата земја, туку и да ги развиваме нашите одбранбени капацитети, кажа претседателот на Србија.

Зборувајќи за енергетската криза, Вучиќ кажа дека „имал среќа што се имало храброст да се изгради гасовод со Русија“, мислејќи на гасоводот „Турски тек“, заеднички проект на Русија и Турција, кој испорачува гас од Русија преку Црното Море кон Турција, а потоа кон Бугарија., Србија и Унгарија.

Вучиќ ги отфрли обвинувањата дека Москва врши притисок врз официјален Белград во областа на енергетиката, додавајќи дека Србија всушност врши притисок врз руските партнери да добијат најповолна цена за природниот гас во Европа.

-Имам ветување од Лавров дека ќе побара од Путин (Србија) да има најдобри цени, го знам човекот, ќе имаме најевтин гас. Не можеме да платиме високи (пазарни) цени на гасот, иако имаме повеќе пари отколку кога било, кажа Вучиќ.

6 децении Неврзани почна состанокот Белград
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.