Шпанскиот Геолошки институт соопшти дека вулканот во Ла Палма делумно е изгаснат поради запушување на кратерот со големи блокови од стврдната лава кои се споредуваат со големина на трикатница.
Шпанските авторитети рекоа дека сепак ги мониторираат деструктивни бранови од лава кои придонесоа да бидат уништени над 1000 куќи за време на тронеделната континуирана активност.
Само вчера биле детектирани 21 сеизмичко движења во регионот на вулканот, со јачина од околу 3,8 степени според Рихтеровата скала, и кои се почувствувале во околните села Мацо, Фуенцалиенте и Ел Пасо.
Засега е неизвесно кога целосно би престанала последната повеќенеделна активност на вулканот во Ла Палма.