НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Нашиот клас” на Милчин и Слобоѓанек: Незаборавен театарски и општествен настан

0
By Нова ТВ on May 5, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најновата претстава на режисерот Владимир Милчин, во продукција на Театарот за деца и млади од Скопје „Нашиот клас“ од Тадеуш Слобоѓанек, а во превод на Ема Маркоска Милчин во критичката рецензија на Радио Београд 2, чиј автор е Горан Цветковиќ е оценета како незаборавен театарски и општествен настан.

Текстот под наслов “Што е погром?“ го пренесуваме во целост:

-Владимир Милчин одлучил да одговори на прашањата на нашето време и се нафатил да го постави овој текст во Театарот за деца и младинци во Скопје. Сфатил дека суштината на трагедијата на општеството е во продлабочувањето на поделбите меѓу луѓето – по национална, по верска, или по политичка и социјална припадност.

Сфатил дека Македонија, дека Балканот, дека Европа, дека светот е – затруен со тие поделби кои на разни, политички и идеолошки, верски и национални начини – смислено се индуцираат и генерираат омраза, врз која моќните и богатите стануваат помоќни и побогати, а сиромашните уште посиромашни! Сфатил дека единствено уметноста ја има таа моќ, и тоа со образовна цел – да ги отфрли тие крвнички матрици на општествено однесување и се впуштил во компонирање Симфонија против злото.

ШТО Е ПОГРОМ?

Во едно полско гратче на истокот од земјата живеат и одат на училиште деца на Полјаци и деца на Евреи. Како и сите деца – се дружат, се забавуваат и се тепаат, си играат и сонуваат заедно и одделно, сами и во друштво. Но на училиште имаат часови по веронаука – кога децата на Полјаците – католици го имаат својот катихизис – децата на Евреите мора да бидат мирни и да седат во последните клупи! Законот за тоа е донесен, во тие 30-ти години на минатиот век, во врвот на државата! Напнатоста не може да се избегне – иако кај децата сè се сведува на палавост и кикот на незаинтересираните ученици Евреи за длабокомисловните молитви на католиците.

Но градот е близу источната граница и, според договорот меѓу Хитлер и Сталин – во 1938 година влегува во советската окупациска зона! Традиционалното непријателство меѓу Полјаците и Русите, стриктниот, но еманципаторски социјалистични режим и окупација – го поврзуваат еврејското население со советската власт, а Полјаците формираат Движење на отпорот! Се разбира – напнатоста и понатаму расте – дури и поранешните ученици од ист клас – иако пораснале заедно – стануваат сè полути непријатели. А потоа советската окупација ја заменува Хитлеровата – Третиот рајх со своите антисемитски закони во 1941 година станува врховна власт!

Полјаците католици покажуваат ревност во ПОГРОМОТ на своите соседи и другари од класот – една Кристална ноќ ги убива СИТЕ Евреи од гратчето – некои ги фаќаат по околните шуми, а некои, последните 370 – ги собираат на Градскиот плоштад, а потоа, под изговор дека ги подготвуваат да ги одведат во Гетото – ги затвораат во дрвен амбар што ќе го полеат со керозин и, во трансот на триумфализмот – во него живи ќе ги запалат! Горат довчерашни ученици, мајки со деца, старци, возрасни жени и мажи – во агонија на задушување и жив оган, престанува да постои сето еврејско што живеело тука со векови!

Замираат песните, замираат верувањата, замира надежта, замираат мислите, замираат знаењата, замираат сеќавањата, замира љубовта – сè што било еврејско! За само еден миг во тоа гратче се остварува КОНЕЧНОТО РЕШЕНИЕ НА ЕВРЕЈСКОТО ПРАШАЊЕ! Останале куќите во кои се вселиле соседите, останала покуќнината – машини, завеси, тенџериња, лонци, зимница, водка – сето тоа го презеле соседите и школските другари – Полјаци!

Но неколкумина Евреи се спасуваат – се кријат кај своите школски другари кои, со многу страв и храброст, ги кријат – и тие подоцна ЌЕ СВЕДОЧАТ! Завршува војната и прикриваното злосторство, ПОГРОМОТ од 1941 година, кој веќе смислено им го припишале на и онака злите фашистички окупатори – е откриено! Пронајдени се и главните виновници – поранешните другари од класот! Изведени се пред суд – но поради лошо водената процедура се – ОСЛОБОДЕНИ! Оние неколкумина преостанати Евреи од гратчето – се селат во Америка или во Израел. Не останува никој – злосторството се исплатело – етничкото чистење е извршено – ТРАЈНО! Но – вината останала – вечно да трае и да ги измачува мислите и искуството на сите што учествувале во тоа, па и нивните наследници, та и цел народ! Тоа е суштината на античката ТРАГЕДИЈА.

Врз основа на овие документарни и документирани вистини, Тадеуш Слобоѓанек го напишал драмскиот текст НАШИОТ КЛАС кој е игран и во Полска – многу малку и во Будимпешта, многу кратко.


Владимир Милчин

Владимир Милчин одлучил да одговори на прашањата на нашето време и се нафатил да го постави овој текст во Театарот за деца и младинци во Скопје. Сфатил дека суштината на трагедијата на општеството е во продлабочувањето на поделбите меѓу луѓето – по национална, по верска, или по политичка и социјална припадност. Сфатил дека Македонија, дека Балканот, дека Европа, дека светот е – ЗАТРУЕН со тие поделби кои на разни, политички и идеолошки, верски и национални начини – смислено се индуцираат и генерираат омраза, врз која моќните и богатите стануваат помоќни и побогати, а сиромашните уште посиромашни!

Сфатил дека единствено УМЕТНОСТА ја има таа моќ, и тоа со образовна цел – да ги отфрли тие крвнички матрици на општествено однесување и се впуштил во компонирање СИМФОНИЈА ПРОТИВ ЗЛОТО. Сосема оправдано – претставата им е наменета, пред сè, на младите – тие се веројатно сè уште на таа возраст кога сè уште е можно да се ПРОМЕНАТ оние облици на однесување со кои веќе ги трујат на секој чекор оние нивни модели кои се борат за нивната доверба за да ги искористат подобро – како војници, како купувачи, како ударни тупаници, како робови, како мравки, како стаорци, како пирани, како стока за колење – зашто тоа е она што се нуди со подмитување со лаги и со генерирање на омразата!

Напротив – претставата НАШИОТ КЛАС во Скопје е претстава на автентичната античка трагедија која го потресува најдлабокото чувство на светот и времето – ги возбудува заспаните дамари на бунтот и создава јасен пат на ОСЛОБОДУВАЊЕТО од идеолошките и националните предрасуди!

Претставата, слој по слој, со сложената композиција на глума, режија, музика, простор, костими, бои, крикови, погледи, бегства, храброст, топлина, слики на зло – ги разобличува сите наноси од оние полувистини и алузии, скриени осила и подмолни подметнувања, лаги и традиционализми – сè како гориво за живиот жар на политиката на спалена земја, запалено тело и запалена душа… и со сето срце станува ПРОТИВ мрачното зло, кое во оној животинскиот дел на човечката природа, вешто и бездушно, го подгрева моќниот слој на омраза и насилство во секое општество – од најмало до најголемо, од примитивно до најразвиено, сеедно, само да се прави КАПИТАЛ! Жртвите се подразбираат – само подобро е да се ДОБРОВОЛНИ, а ако не се – секогаш е тука ПОГРОМОТ!


Тадеуш Слобоѓанек

До самата срцевина е освоена вистинитата, длабока трагична драматика – видовме ИМЕНО што е античка трагедија – вистинско доживување на актерите искажано со целосна присутност и големо вдахновение и знаење! Триумф на театарот – во мизансценот, во секој гест на актерите, во боите на големиот број костими, во сценографијата, во различната и богата музичка матрица, во тишините и криковите, во болката која се излева од сцената и го опфаќа гледачот, го тресе со ужасот на стореното зло и му го пика огледалото под носот – ТОА СМЕ НИЕ, доколку не се одбраниме од таквите нас!

На неверојатно малата сцена, десет актерки и актери од сите генерации, во прецизно сценско ткаење – како одлично извежбан и прецизен оркестар, ја изведуваат симфониската ПАРТИТУРА на оваа претстава, која мајсторски, искрено и одговорно – ја компонирал и водел Владимир Милчин, како севкупен инспиратор на креативната буица, која навира од сцената и трае речиси цели три часа – на бол, преиспитување, самосознавање, откривање, признавање, сомневање, гордост и тага.


Крсте Џидров

Сцената едноставно и минималистички ја поставил Крсте Џидров – како остаток од изгорен амбар – со крвави траги на агонија во чадот и огнот на исчезнатите граѓани и соседи, другари од класот – Евреи. Само неколкуте реквизити – десетина едноставни клупи и малку ситна реквизита – со неизбежниот ритуален свеќник – во текот на претставата стануваат цел еден универзум на движења и опстојувања – тоа се и клупи и ѕидови и кревети и крст на грбот на несреќната девојка и гроб и споменик и врата на рајот и пеколот – едноставно и повеќезначно, уверливо и функционално дело на искусен сценограф – уметник.

Браво!

Костимите на Марија Пупучевска и куклите на Кире Василев – скоро во секоја сцена речиси сите актери носат нов костим – униформи – школски и војнички, свештенички и рабински одежди, црна венчаница и весели фустани – и во смртта и во животот на ликовите, кои постојано се враќаат на сцената и во свеста на сите… костимите се како и секогаш во нејзините дела – богати, смели, речити и драматични – вистинска музика на костими! Одлично! Музиката во претставата ја избрал режисерот Милчин – внимателно и сосема авторски, а глумците отпеаја, како вистински оперски пејачи, два мошне сложени сонга во повеќе гласови, на композиторот Марјан Неќак.

И, се разбира – АКТЕРИТЕ – навистина со големи букви! Сето она што веќе се губи од сцената во многу театри од Балканот до Европа и Америка – сета искреност и предавање до крај, со истовремена самоконтрола и висок вкус, без евтини патетични изливи на површни емоции – сè што е суштина на глумата – вистина, свест за пиесата и општественото значење, концентрација и присутност, едноставна функционалност и игра за претставата – сето тоа го изведоа, навистина вдахновените актери во, до крај простудираната, секоја сценска секунда. Секој имаше свое место во сложениот оркестар на оваа богата симфонија и никој не отсвири ниту еден погрешен тон!

Несекојдневна средба со ансамблот и поединците, развиени и одговорни актерски – творечки личности! Еве ги нивните имиња – Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Емра Куртишова, Драган Довлев, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Мики Анчевски, Мартин Јордановски, Бојан Кирковски и Ненад Митевски.

Не владее залудно длабоко вкоренетото мислење во театарскиот свет на Балканот – дека македонските актери се НАЈДОБРИ!

Тоа во целост се потврди и во претставата НАШИОТ КЛАС на Тадеуш Слобоѓанек и Владимир Милчин, во ансамблот на Театарот за деца и младинци во Скопје.

Во малата театарска сала и на минималната сцена – се случи голем и назаборавен театарски и општествен настан.

БРАВО!

Горан Цветковиќ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.