НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: МФ подготвува нова Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025

0
By НОВА ТВ on October 12, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Министерството за финансии отпочнати се активности за подготовка на Програмата за реформа во управувањето со јавните финансии за периодот 2022 -2025 година во која приоритет е управувањето на внатрешната ревизија.

– Владата на Република Северна Македонија е посветена на спроведувањето на реформите во управувањето со јавните финансии. За таа цел е донесена „Програмата за реформа во управувањето со јавни финансии 2018-2021“ , во чии рамки еден од приоритетите е внатрешната контрола. Унапредувањето на внатрешната ревизија и внатрешната контрола останува приоритет и во новата „Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025“ за која се почнати активности во Министерството за финансии, истакна заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на отворањето на заедничкиот настан на „PEMPAL Internal Audit Community of Practice“ и Министерството за финансии.

Прирачниците кои се производ на заемната соработка на државите коишто ја сочинуваат PEMPAL заедницата, како што истакна Ковачевски, значајно ќе придонесат во имплементирање на голем дел од активностите во делот на внатрешната ревизија и внатрешната контрола, коишто ќе бидат дел од новата Програмата за реформа во управувањето со јавни финансии.

-Внатрешните ревизори се една од најзначајните алки во целиот систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор. Затоа е потребно во континуитет да се практикува размена на искуства и најдобри практики од работењето, со што ќе се унапредува квалитетот на работењето на внатрешната ревизија, а истото ќе придонесе и за унапредување на менаџерската отчетност и внатрешните контроли, рече Ковачевски.

Соопшти дека Министерството за финансии ги има започнато и активностите за основање на Академија за јавни финансии, со што ќе се обезбеди стабилна основа за континуирана едукација на јавната администрација од областа на управувањето со јавните финансии што пак ќе придонесе во создавањето на модерна и стручна администрација за обезбедување квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

-Со основањето на Академијата за јавни финансии, во иднина се отвораат можности за продлабочување и проширување на соработката со PEMPAL, нагласи Ковачевски.

На настанот, претставници од Министерството за финансии, PEMPAL IACOP, како и внатрешни ревизори од јавниот сектор дискутираат за системот за внатрешна контрола во земјава, добрите практики во земјава и искуството на одделот за внатрешна ревизија на МФ, проценка на ефективноста на внатрешната контрола и слично.

PEMPAL е мрежа за олеснување на размената на професионално искуство и пренос на знаење меѓу експертите на финансиско упавување во јавниот сектор низ Европа и Централна Азија, додека целта на IACOP е да ги поддржи своите земји-членки во воспоставувањето на модерен и ефективен систем за внатрешна ревизија коj е во согласност со меѓународните стандарди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

ВЕСТИ August 31, 2025

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот…

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

August 28, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.