По долго боледување вчера во Скопје почина писателот Науме Радически. Посмртните останки на Радически ќе бидат погребани на 9. мај на гробиштата во Ѓорче Петров.
Науме Радически е роден на 18 мај 1953 година во селото Мешеишта, Охридско. Својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на Друштвото на писатели на Македонија беше од 1984 година.
Тој како поет, ктичар, есеист и научен работник остави забележлива трага во развојните процеси на македонската литература. Објави низа петски книги, меѓу кои „Постоење и мотиви“, „Светол тажен вик“ и „Преображение човеково“.
Автор е на критичко-есеистичките и научни книги „Релации и континуитет“, „Метаморфоза“ и „Време без збор“. Добитник е на наградата на ДПМ „Димитар Митрев“ за критика есеистика.