По кратко боледување синоќа на 65-годишна возраст почина македонскиот музичар, автор и пејач на народна музика, Војо Стојановски. Тој беше и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија.
„Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ ,„Свадба голема“ се едни од најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика.
Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во кичевското село Букојчани. Ќе биде погребан денеска во неговото родно село.