Лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот за 2014-20 по долги разговори во Брисел, јавува Би-Би-Си. Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј го објави договорот и во соопштението рече дека “вредеше да се работи на него”.
Новиот буџет изнесува 960 млрд. евра , што е прв пат мулти-годишен буџет на ЕУ да биде намалена.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој вршеше притисок за намалување на буџетот, даде оценка: “Ова е добар договор за Велика Британија”.
Слично на него, и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој се спротивставуваше на големите намалувања на трошоците, рече дека тоа е “добар компромис”.
Германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, го поздравиј договорот, што претставува 3,3% намалување од претходниот седумгодишен буџет.