Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака на генералниот директор на ФАО по повод Светскиот ден на храната

0
By НОВА ТВ on October 16, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
07 August 2019, Rome Italy - FAO Director-General Qu Dongyu official portrait. FAO headquarters.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 16, 2021 12:17

Светскиот ден на храната годинава не затегнува во критичен момент – пандемијата на Ковид-19 останува глобален предизвик, предизвикувајќи невидени загуби и потешкотии, а влијанијата на климатската криза се насекаде околу нас, вели Чу Донгју, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) по повод Светскиот ден на храната.

– Посевите уништени во пламен. Домовите однесени од вода. Животот и егзистенцијата се фрлени во немир поради конфликти и други хуманитарни кризи. Глобалните предизвици за сигурноста на храната не биле толку сериозни со години. Сепак, среде сето ова, постои охрабрувачки нов импулс и енергија, додека се стремиме да ги преиспитаме начините на кои нашата храна се произведува, складира, дистрибуира и консумира. Почнавме да се соочуваме со проблемите и да ги правиме структурите посоодветни за целта, се вели во пораката на Чу Донгју.

Минатиот месец, Самитот на Обединетите нации (ОН) за системи за храна, свикан од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, подвлече заклучоци за тоа како светот треба да напредува за да ги трансформира земјоделско-прехранбените системи. Завршната максима на собирот беше: „Од Њујорк назад во Рим“, каде што се сместени Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и сестринските агенции на ОН за храна.

– Ние во ФАО веќе ги засукавме ракавите и се фативме за практични задачи да ја водиме имплементацијата и да ја поттикнеме трансформацијата. Револуционерниот Светски форум за храна беше успешно свикан тука во Рим на почетокот на октомври, поддржан од глобалната младина, младинските претставници во ФАО и нашите сестрински агенции, со цел да се искористи креативноста и отпорноста на нашите помлади генерации. Тие се најзасегнати. Тие ќе бидат оние кои ќе живеат со директните последици од климатските промени и нефункционалните земјоделско-прехранбени системи, подвлече директорот на ФАО.

Тој додаде дека во исто време, 1,8 милијарди млади луѓе во светот денес на возраст од 10 до 24 години, од кои скоро 90 проценти живеат во земјите во развој, обезбедуваат неограничен потенцијал за развој кој мора да биде искористен.

– Ние веќе почнавме да го искористуваме преку зголемена свесност, сеопфатни решенија и конкретни акции за промена предводени од младите. Се разбира, младите не се единствените што треба да се грижат за нашите земјоделско-прехранбени системи да бидат поефикасни, инклузивни, отпорни и одржливи. Дури и пред Ковид-19, стотици милиони луѓе ширум светот беа погодени од глад – и тој број се зголеми во последната година до 811 милиони, и покрај тоа што светот произведува доволно храна за да не нахрани сите нас. Ова е незамисливо и неприфатливо, нагласува Чу Донгју.

Во исто време, 14 проценти од храната што се произведува се губи, а 17 проценти се фрла. Во комбинација со други стресни фактори – како што се штетници и болести, природни катастрофи, губење на биолошката разновидност, уништување на животната средина и конфликти – можат да се воочат размерите на предизвикот со кој се соочува светот во исполнување на растечките потреби за храна, истовремено намалувајќи го влијанието на земјоделско-прехранбените системи врз животната средина и климата.

ФАО, како водечка агенција која работи на храна и земјоделство, разви алатки со кои е убедена дека може да овозможи адресирање на многу од овие сложени системски проблеми. – Имаме јасно чувство за тоа каде одиме, врамено во целите: Подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот. И нашата работа е поткрепена со нова Стратешка рамка 2022-2031 за следните десет години што ги дефинира конкретните акции и потребни инпути за да се остварат овие ’”четири подобра“ без никој да биде изоставен, вели директорот на ФАО.

Организацијата проценува дека се потребни од 40 до 50 милијарди американски долари годишни инвестиции за насочени интервенции да се стави крај на гладот до 2030 година. Постојат многу нискобуџетни проекти со голем импакт што можат да им помогнат на стотици милиони луѓе подобро да ги задоволат своите потреби за храна. На пример, интервенции за истражување и развој во насока на технолошки понапредно земјоделството, иновации во дигитално земјоделство, унапредување на жените како клучни чинители во напорите за намалување на гладот, како и подобри податоци, добро управување и институции, кои се неизоставен дел од равенката.

Пристапот може да биде ефективен само ако е рака под рака со напорите на владите и клучните партнери, кои ги формулираат националните приоритети за трансформација во согласност со специфичните услови и потреби. Исто така, треба да се сфати дека научниците и административците, па дури и производителите и дистрибутерите на храна, никогаш нема да можат сами да ги направат сите овие значајни промени. Трансформацијата може и мора да започне со прагматична и конкретна акција на обичните потрошувачи и изборот што се прави.

– Одлуките што ги носиме секој ден за храната што ја консумираме, каде ја купуваме, како се спакувани, колку храна фрламе – сето ова има влијание врз нашите земјоделско-прехранбени системи и иднината на оваа планета. Секој од нас има потенцијал да биде херој на храната. Процесот на трансформирање на нашите земјоделско-прехранбени системи – и влијанието врз гладот во светот, здравата исхрана, животната средина – започнува од нас. Но, тоа не завршува со нас. Старата поговорка вели: „Ние сме тоа што јадеме“. Исто така, важи и тоа дека развојот на нашите деца и внуци, зависи од тоа како се храниме денес. Во нивни раце е надежта да го продолжат тој пат. Ајде да учиме заедно, да работиме заедно и да придонесуваме заедно. Нашите акции се нашата иднина, стои во пораката на Чу Донгју, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) по повод Светскиот ден на храната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.