Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Во 2022 година реформа во буџетското сметководство

0
By НОВА ТВ on October 19, 2021 ЕКОНОМИЈА
Фото: bankometar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 19, 2021 13:55

До крајот на 2022 година ќе се спроведе реформа во буџетското сметководство и од готовинско ќе се премине на пресметковно начело, најави заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на ИПСАС обуката за сметковители во јавниот сектор организирана од страна на Центарот за извонредност на финансиите што денеска се одржа во Охрид.

– Согласно „модифицирано пресметковно начело“ расходите ќе се евидентираат во моментот на настанување на деловниот настан во извештајниот период, а не во моментот на плаќање, а приходите и понатаму ќе се признаваат во моментот на наплатата. Овој концепт на евиденција ќе овозможи пореално и поажурно следење на неподмирените обврски кај буџетските корисници. Ова начело ќе го имплементираме во системот на државниот трезор преку имплементацијата на новиот Информациски систем за управување со финансиите, рече Ковачевски.

Оцени дека сметководителите во јавниот сектор имаат важна улога во секојдневната работа и процесите на донесување на одлуки на институциите, имајќи предвид дека тие известуваат, надгледуваат и ги корегираат државните финансии и обезбедуваат клучни инпути за проценка на финансиските текови и донесувањето на одлуки.

– Денес не е можно да се замисли работењето на јавниот сектор и остварувањето на неговите функции, активности и задачи, без квалитетни сметководствени информации. Затоа често се истакнува дека сметководството е деловен јазик и сите кои заземаат значајна улога во деловните процеси на јавниот сектор треба да го разбираат тој јазик. Сметководството, финансиското известување и обелоденувањето на сметководствените информации се битни претпоставки на добрата пракса на финансиското управување во јавниот сектор, истакна Ковачевски.

Обуките, според Ковачевски, се од суштинско значење за да се разберат ИПСАС стандардите во процесот на напуштање на готовинското начело на водење на буџетското сметководство и преминување кон пресметковното начело. Следната година, како што посочи, е планирана реформа на сметководствената професија која ќе опфати воведување задолжителна обука и полагање испит за вршење сметководствени работи во јавниот сектор.

– Обуката и испитот за сметководителите во јавниот сектор во организација на ЦЕФ се единствени од овој вид кои се организираат во РСМ и се со висок квалитет. Министерството за финансии, очекува соработката со CEF да продолжи во областа на обуката и сертификацијата на сметководителите, како и во процесот на подготовките за спроведување национална сертификација на сметководителите од јавниот сектор во рамки на Академија за јавни финансии, информира Министерството за финансии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.