Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска комора: Поддршка од институциите за зголемување на лидерските вештини и специјализираното знаење

0
By НОВА ТВ on October 19, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 19, 2021 16:10

Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија, веќе функционира Совет за унапредување на високото образование, посочуваат од Стопанската комора.

Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми: Клуб на менаџери-претприемништво и лидерство – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школо на бизнис -лидери (почеток 25 ноември 2021 година); Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток 10 декември 2021 година) и Институт за извоз – со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школо за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (Изработка на студија за извоз, Платформа за извоз и почеток со Модулот за зголемување на вештините за извоз од 1 Ноември 2022 година).

Во насока на давање на институционална поддршка за активностите во рамките на трите програми одделно, кои Советот ги има зацртано за остварување во следниот период, во Стопанската комора на 18 октомври 2021 година се формираше координативен тим составен од следните претставници: Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија (СКСМ), Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, mинистер за финансии, Анита Ангеловска Бежоска, гувернер, Народна банка, академик Абдулменах Беџети, Југоисточно-Европски универзитет Тетово, академик Таки Фити, Македонска академија на науките и уметностите, Кочо Анѓушев, претседател на Управниот одбор на Брако Групација, Ристо Јаневски, директор на стратешко планирање и развој, ОКТА АД Скопје, Боријан Борозанов, извршен директор на Џонсон Мети, Арбен Абдурахмани, генерален директор на Везе Шари Тетово, Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Јадранка Аризанковска, менаџер во Стопанската комора на Северна Македонија и Анета Димовска, менаџер во Стопанската комора на Северна Македонија.

Претседател на координативниот тим е претседателот на Советот д-р Глигор Бишев-“Со овој концепт на функционирање на Советот за унапредување на високото образование му помагаме на стопанството, и овој модел, не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојува преку практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење на бизнис и за прв пат, ваквиот концепт ги вклучува старт ап-ите кои ќе се поддржуваат не само преку учење на вештини, туку и преку финансирање на добри идеи кои ќе бидат поврзани со форуми на инвеститори (преку финансирање од домашни и меѓународни институции). Оттука, со реализација на сите програмски содржини, веруваме дека овој Совет ќе придонесе во зголемување на конкурентноста, ефикасноста, вработувањето и обезбедување поголем економски раст во Република Северна Македонија”.

Како што соопшти Стопанската комора на состанокот членовите на координативниот тим дале целосна поддршка на активностите кои се во насока на унапредување на вештините и компетенциите во согласност со потребите на приватниот сектор. Преку тоа, како што посочуваат, ќе се помогне во зголемување на знаењата на кадарот во македонските компании за предизвиците што ги носи глобалната конкуренција и новите технологии.

– Ова претставува практична програма која вклучува и менторство, која во фокусот ќе ги има развојот на менаџерските вештини и корпоративните вредности на компаниите. Со тоа Комората и институциите ќе дадат придонес за развој на најбитниот фактор за раст и успешна работа на компаниите, а тоа е човечкиот фактор, иновациите, и новите технологии, се вели во соопштението.

Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции нагласи дека програмата на Советот во делот за развој на старт ап-ите, претставува надополнување на формираниот Национален совет за старт ап-и при Владата чија цел, како што рече, е размена на идеи, креирање на политики и создавање клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи.

– Силно верувам и во поттикнување на старт ап-ите и новите иновативни компании. Клучен фактор во овој процес е образованието, рече Битиќи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека Советот за високо образование при Стопанската комора доаѓа во пресрет на големиот јубилеј на Комората.

– Оваа иницијатива потекнува од искуството, од капацитетот кој Комората го има и од самите членки. Додадената вредност на оваа Програма која ќе се имплементира во следниот период се гледа во значајноста на човечкиот капитал во поттикнување на конкурентноста и создавање раст на економијата, континуирана надградба на знаењата преку искуство и креативност на пристапот на учење и стекнување со вештини кои ќе бидат овозможени преку Советот, рече Бесими.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.