НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовен одлив на медицински сестри во странство

0
By Менче Атанасова Точи on May 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија има масовен одлив медицински сестри од јавното здравство во странство и во приватните болници. Лошите услови за работа, ниските плати, работата за мизерни хонорари, неусогласувањето на платите на оние со високо образование, создаваат незадоволство и голем број медицински сестри се повеќе го напуштаат јавното здравство.

Работа за нив има во земјите од Западна Европа, во Германија, Австрија , Швајцарија, Норвешка но и во Обединетите Арапски Емирати. Според огласите во големите болници, може да се види дека се бараат медицински сестри на сите оддели, од анестезија, до кардиологија и одделенијата за новороденчиња, но и се бараат и главни сестри и менаџери на одделенија. НОВА истражуваше како се движат платите на медицинските сестри во некои држави . Месечните примања во овие земји се неколку пати поголеми од оние во македонските болници.

На пример, во Швајцарија почетна плата на дипломирана медицинска сестра е 3000 евра, во Германија нешто помалку од 2000 евра, но се разбира треба да се знае јазикот и да се положи испит со кој се признава дипломата. Во Словенија, почетна плата на медицинска сестра со средно образование е 600 евра, но со дежурствата и прекувремена работа достигнува 900 евра, на тие со факултетска диплома платата е двојно поголема. Во САД пак, во зависност од државата, но и квалифакациите на сестрата платите се движат од 40 000 до 100 000 долари на годишно ниво. Иако е евидентен интересот за одење странство и одливот на овој кадар, нема официјални податоци колку медицински сестри досега заминале од државата.

Масовен одлив на медицински сестри во приватниот сектор се случи пред неколку години со отварањето на приватните болници. Се уште, работата таму за многу од нив е поголем предизвик од таа во државните болници.

-Медицинските сестри се одлучуваат за приватното здравство од повеќе причини. Има група на медицински сестри кои долго време работат без надомест и немаат решен статус во јавното здравство, затоа се одлучуваат да преминат во приватното. Од друга страна има сестри со искуство, кои во приватното гледаат можност за напредок во кариерата, подобри услови, поинаков пристап во лекувањето на пациентите, континуирана едукација, изјави за НОВА Ирена Нечовска претседателка на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Влахчева“.

Но, она што загрижува е состојбата на скопските клиники каде голем број на медицински сестри со години работат по договор на дело, не пријавени, повеќето од нив само за 4 500 денари. Некои од нив така работат по пет- шест години.

-Ние сме столбот на работата на многу клиники, дежураме за време на празници и викенди, бидејќи нема доволно кадар. Одговорноста е голема, даваме терапија, ставаме инфузии, некои работат и во операциони сали. Иако, со години ни се ветува работа ситуацијата е непроменета. Нови вработени се примаат од надвор, најчесто по партиска линија затоа и некои сестри почнаа да си заминуваат, како што беше случајот со медицинските сестри од Клиниката за гинекологија, изјави за НОВА, медицинска сестра која сакаше да остане анонимна.

Нема податоци колку медицински сестри има во јавното здравство, а колку во приватното, колку се невработени, ниту колкав е одливот на овој медицински кадар. Такви податоци не постојат во Лекарската комора бидејќи тие се грижат само за лекарите, а во Министерството за здравство на одговор не упатија во Здружението на медицински сестри од јавното здравство, кое постои со години. Но, во ова Здружение немаше интерес да одговорат на нашите прашања.

Медицинските сестри бараат Закон со кој точно ќе се дефинира улогата на медицинската сестра во државата, нејзините обврски и одговорности. Токму еден од приоритетите на Здружението „Славјанка Влахчева“, е Закон по теркот на земјите од Европската Унија.

– Во Македонија нема Закон со кој точно е дефинирана улогата на медицински сестри. Во Законот нашата професија, и ние како медицински сестри сме спомнати само во една реченица. Секаде во светот во развиените земји постои закон за медицински сестри, па дури и во поблиските како на пример во Словенија и Хрватска, во кој е точно дефинирана улогата медицинската сестра и се потенцирани нејзините одговорности и активности. Затоа сакаме Законот за сестрите да се дефинира по теркот на земјите кои се дел од Европската унија и тоа ќе биде една од нашите приоритетни активности, вели Нечовска.

Токму ова Здружение кое го носи името на првата школувана медицинска сестра во Македонија, Славјанка Влахчева, било создадено за да можат да ги реализираат овие цели. Во него членуваат медицински сестри од приватните болници, на кои се повеќе им се приклучуваат и сестри од јавното здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.