Оливер Спасовски го поддржува Зоран Заев, Митре Вељановски го поддржува Бранко Црвенковски, ова се накусо деталите од некои од говорниците на конгресот на СДСМ кој во моментов се одржува во хотелот Александар Палас, а на кој треба да се изгласа доверба на актуелното раководство.
-Опозицијата мора да изгради сериознен концепт, концепт кој ќе ги обедеини и привлече сите слободоумни луѓе во земјава, концепт кој ќе ги обедини и граѓанските организаци и од кој ќе произлезе силен сојуз кој ќе се бори со овој режим, рече Спасовки.
-Но, тој концепт не верувам дека може да се гради со карање и поделби во медиумите. Јас верувам дека не може Латас да биде иницијатор на концептот на СДС. Токму затоа цврсто стојам зад Зоран Заев, изјави актуелниот генерален секретар на партијата Спасовски.
Лидерот Зоран Заев побара доверба и повика на континуитет и сплотеност и ги резимираше своите одлуки за бојкот.
Во моментов се присутни 591 делегати од вкупно 707. Деловнички, секој од делегатите има право на 10 минути диксусија.