Владата ќе потроши вкупно 514 илјади евра за да ја рекламира земјата на Гугл за што Генералниот секретаријат при Владата на РМ склучил договор со претставникот на Гугл во Хрватска. Кон крајот на Фебруари Владата имаше склучено договор со Гугл за реклама од 270.000 евра, но ставката за реклама пораснала за дополнителни 244 илјади евра.
Владата и во минатото трошеше пари за рекламна промоција на земјата во странство. Се правеа скапи реклами кои се емитуваа на светскиот телевизиски сервис СиЕнЕн. Само за изработка на дел од спотовите се потрошија 625 илјади евра, без да се вклучат парите потрошени за закупување рекламен простор на СиЕнЕн.
Светскиот економски форум во истражувањето за конкуретност во туризмот правено во 140 земји, ја рангираше Македонија на 87 место во однос на ефектот кој го има маркетингот на државата врз туризмот