Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Шилегов од трибината во Скопје: На 31 да гласаме за ПРОГРЕС- тоа е наша лична идеологија

0
By Mirjana on October 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 23, 2021 23:49
Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за Прогрес – бидејки тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија – најдоброто за сите, порача вечерва претседателот Зоран Заев пред граѓаните на Скопје.
Тој пред присутните посочи дека во овие четири години постигнати се бројни успеси на државен и локален план и дека тој континуитет треба да се одржи и во иднина.
„Гледате почитувани граѓани, дека до овој момент не зборувам за десетиците изградени и реконструирани градинки и училишта, болници и културни домови, илјадниците километри регионални, магистрални, локални патишта и канализациски мрежи.
Гледате и дека не зборувам за покачените плати, за по 6.000 денари, за по повеќе од сто евра – и минималната плата која од 9 оди на 18.000 денари, ниту за 300-те проценти покачена социјална помош, за економските мерки коишто во услови на незапаметена пандемија, помогнаа семејствата да не останат гладни, фирми да не се затворат, уметници да се носат со последиците од кризата, којашто го зафати целиот свет.  Знам дека знаете дека ќе има нов тренд на покачувања на платите, покачувања на пензиите два пати годишно, нови инвестиции, нови работни места, ако останеме на евро-атлантскиот пат, бидејки овој пат носи прогрес.
Јас знам дека вам не треба да ве убедиме дека ние парите ги вложуваме кај граѓаните, наспроти онаа режимска структура на Никола Груевски, чијашто продолжена рака е и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, којашто, да речеме дека крадеше – е малку. Грабаа, арамиски пљачкаа, бркаа од работа, газеа по човековото достоинство.
Знам дека вие, разликата меѓу 11-годишната режимска власт и оваа 4-годишна демократска власт, ја знаете. Вие знаете дека ние никого не влечеме за уши, никому не посакуваме да заврши во ендек. Никого не присилуваме да излезе на протест, на митинг, на избори. Никого не бркаме од работа за различно мислење и искажан став. Не ги делиме луѓето на наши и некои други. Не го подриваме соживотот, туку искрено веруваме во концептот што го градиме – Едно општество за сите, во кое што сите имаме исти права, но и подлежиме на исти обврски пред законите и пред државата.“ порача Заев.
На трибината, кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов потсети на моментите кога власт беше ВМРО-ДПМНЕ.
Не беше одамна кога Скопје беше претворено во град на кичот и невкусот, заборавивме ли на Коцекабана, заборавивме ли на милионите потрошени за палми и жални врби, заборавивме ли на насилството и поделбите, не смееме да заборавиме и не смееме да дозволиме грешките да ни се повторуваат, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
Тој нагласи дека сите длабоко во себе знаат дека од другата страна се истите луѓе кои го обезличија Скопје заради своите криминални планови.
Ајде да не дозволиме некој одново да почнува со експериментирање. Да не дозволиме да бидеме прелажани со неостварливи идеи. Ајде да не дозволиме да ни подметнат старо минато под превезот и лагата наречена нова иднина, наглси Шилегов и ги повика граѓаните на 31 октомври масовно да излезат и да гласаат.
Да ја преземеме одговорноста во свои раце. Да не дозволиме гневот да го надвладее разумот. Гневот го искажавте во првиот круг и со право, но сега е време да се договориме за доброто на Скопје. Ова се избори за наше Скопје да продолжи напред. Силно верувам дека нема да го предадеме на оние кои го уништија, која му ја земаа душата на градот и мирот на граѓаните,  истакна Шилегов.
Скопје е срцето на Македонија. Да покажеме дека во овој град се гласа со разум, со срце и со љубов за него. Иднината на градот е во ваши раце на 31 октомври. Сега е време да гласаме за доброто на Скопје и за ништо друго, нагласи кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
зАЕВ И ѓшИЛЕГОВ трибина Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.