Државните резерви се намалени за 88 милиони евра, само за два месеци, од февруари до април годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Заклучно со април, девизните резерви изнесуваат 1 милијарда и 899 милиони евра. Девизните резерви биле на рекордно ниво од 2 милијарди и 263 милиони евра во јануари 2013 година. Тоа значи дека во изминативе 15 месеци, девизните резерви се намалени за 364 милиони евра, се вели во оспежната анализа на Радио Слободна Европа на македонски јазик.
„Тоа се должи на големото трошење на државата во последните 5-6 месеци, на релативно стагнирање на извозот на државата и од друга страна на стагнирање на приливот на девизни дознаки на нашите иселеници. Трошењето на државата како мала и отворена економија секогаш завршува со увоз. Ако ги качите пензиите, ако ги покачите платите, ако го зголемите трошењето на државата и уфрлите повеќе пари во економијата, на крајот тоа ќе ви заврши како поголем увоз, тој увоз автоматски ги испразнува девизните резерви кои се гаранција за увозот“, вели за Радио Слободна Европа поранешниот министер за финансии Никола Поповски.
Целата анализа прочитајте ја на веб страницата на Радио Слободна Европа.