Управата за јавни приходи затвори 101 деловен објект бидејќи не издавале фискални сметки. Инспекторите на УЈП биле во 665 фирми при што утврдиле дека секој шести нема фискален апарат или пак не издавал фискални сметки.
Фирмите добиле забрана за извршување на дејност во траење од 15 или 30 дена.
„Најголем број од затворените објекти се во Скопје (35), следуваат Битола, Струмица и Гостивар, а остантите се од 21 општина. За разлика од нив, неколку маалски продавнички водат сметка за финансиското работење и правилно си го регистрираат прометот. И потрошувачите веќе се свесни за тоа дека неиздавањето фискална сметка значи оштетување на буџетот“, рече Драган Тодоровски, од Канцеларијата за односи со јавноста при УЈП.