НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

«Блескавата љубов на Марија К.С.» на Мимоза Ристовска претставена во Франција

0
By Светлана Јовановска on May 14, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амернис Нокшики-Јовановска, Висар Вишка и Драгана Лукан Николски синоќа во Туркуен, Франција со синоќа го прикажаа на сцена текстот на Мимоза Ристовска «Блескавата љубов на Марија К.С.» во режија на Нина Николиќ.

Фестивалот «Евротопик» секоја втора година се одржува во овој град на северот на Франција а негова карактеристика е тоа што претставите се одвиваат во форма на «читање на театар». Што значи дека актерите во текот на преставата не ги учат текстови на нивните улоги наизуст туку ги читаат и се појавуваат пред публиката со сценариото во рака. Ова е единствен фестивал за овој вид театар во Европа.

Оваа форма на театар дозволува да се слуша текстот со поголемо внимание и покажува кои се етапите на работата на режисерот и на актерите. Жирито ќе го избере надјобриот проект кој потоа ќе биде поставен во Туркуен следната сезона. Публиката исто така ќе избере свој фаворит.

Оваа година тема на фестивалот е страста.

Така синоќа Нокшиќи-Јовановска и Вишка ни ја прикажаа, во еден час, судбината на Марија Кири-Склодовска, нејзината опседнатост со науката но и нејзиниот љубовен живот за кој јавноста не знае многу. Научничката Кири со љубов работи на радиумот и полониумот за кои добива две Нобелови награди и со тоа досега е единствената жена со дупло највисоко признание за науката.

Но, претставата ни открива и дел од љубовниот живот на Марија Кири и нејзината борба за местото на жената во науката на почетокот на 20 век.

Огромна љубов ја врзува со нејзиниот сопруг Пјер Кири но подоцна силна е и врската со Пол Ланжвен во која влегува пет години по трагичната смрт на Пјер. Оваа врска предзивикала огромна кампања на омраза подготвена од националистичките и ксенофобни медиуми на Франција кои ја нарекувале «Пољакињата која дојде да го уништи добриот француски брак». Скандалот бил толку голем што министерот на образование на Франција ја замолил Кири да ја напушти Франција и да се врати во Полска. Марија Кири тешко ги преживува ударите на животот но не се откажува од својата научна работа и сината магична светлина што и ја испраќа нејзиниот радиоактивен и блескав изум.

Во текот на една недела 10 екипи од 10 европски земји (Македонија, Италија, Белгија, Франција, Португалија, Грција, Чешка, Шпанија и Словенија) дојдоа да ги претстават своите проекти во форма на театрално читање преведено со титлови на француски и англиски.

«Нашата цел е да се бидеме предводници на театарските проекти. Во текот на оваа седмица Туркуен е вистински извор на театарската креација», вели Жан-Марк Кото, директор на фестивалот за локалниот дневен весник «Северен гласник».

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.