Се обврзав во првите 6 месеци од мојот мандат дека Општината под мое раководство ќе направи мапирање на социјалните сервиси и ќе изготви Социјален план на Општина Карпош, чија реализација ќе биде спроведена партнерски со сите засегнати страни, изјави Весковски
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски, денеска се сретна со претставници на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, при што ја потпишаа Декларацијата за лицата со попреченост.
– Се обврзав во првите 6 месеци од мојот мандат дека Општината под мое раководство ќе направи мапирање на социјалните сервиси и ќе изготви Социјален план на Општина Карпош, чија реализација ќе биде спроведена партнерски со сите засегнати страни. Исто така, ветувам дека во текот на првата година од мојот мандат ќе ги анкетирам и регистрирам сите лица со попреченост со посебен осврт на нивните потреби, но и на нивните вештини и знаења во правец на задоволување на потребите, нивна инклузија, интеграција и социјализација. Ова ќе претставува значаен придонес во креирањето на Националниот регистар на лица со попреченост, изјави Весковски.