НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Арсовска крие дека била менаџер на фирма која продавала автобуси, прашува СДСМ Скопје

0
By НОВА ТВ on October 28, 2021 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Jавноста има право да знае каква менаџерка била Данела Арсовска и дали досега работела за доброто на Скопје и скопјани, велат од Градската организација на СДСМ, на денешната прес конференција. Оттаму велат дека Арсовска скрила дел од нејзината биографија.

– Арсовска се обиде да скрие дека била катастрофален менаџер на скопската сала Расадник, изградена со самопридонес на скопјани, а ја зела под закуп на 25 години за само илјада евра месечно кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска се обиде да ги скрие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата тонела во долгови, се крадела струја во неа, и се упропастувала како спортски објект. Арсовска се обиде да го скрие од јавноста и нејзиното моминско презиме Јовановска, за да не се открие нејзиниот непотизам и поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал“. Унгарската конзулка Арсовска се обиде да скрие и дека има бугарско државјанство и бугарска лична карта и дека поврзана со бугарски капитал во Македонија, велат од СДСМ.

ФОТО: СДСМ

Од градската организација при СДСМ се прашуваат зошто Арсовска која ветува 250 нови автобуси, не кажува во биографијата дека била менаџер на фирма која се занимавала токму со продажба на автобуси во Македонија.

– Арсовска ја менаџирала фирмата „ТЕМ МК“, која во 2008 се занимавала со продажба на автобуси и нудела за продажба турски автобуси во Македонија. Според обелоденетите документи, „ТЕМ МК“ била семејната фирма која се трансформирала во „Ројал Груп“ со седиште во сала Расадник и во обете фирми биле сопственици Арсовска и татко и. СДСМ Скопје укажува дека во целиот тек од кампањата, кога ветува 250 нови еко-автобуси, Арсовска промовира и рекламира еден од најскапите кинески електрични автобуси од 18 метри, од кинеската фирма BYD, без воопшто да каже колку чини кинескиот автобус. Арсовска рекламира кинески автобуси, а Македонска кинеска стопанска комора се наоѓа на иста адреса со организации и фирми поврзани со неа и нејзиниот татко, велат од СДСМ Скопје

Според СДСМ Скопје, на иста адреса – Рилски конгрес бр. 112 – се наоѓа и Македонска кинеска стопанска комора и Сојуз на организации на работодавачи на Македонија, каде што Арсовска се јавува како овластено лице за застапување и подружница на семејната фирма „Ројал груп“ од „Расадник“ и имотен лист од објектот кој е во сопственост на таткото на Арсовска.

– Покрај семејните фирми во сала „Расадник“ и на „Благоја Гојан 24“, „Рилски конгрес бр. 112“ е трета адреса каде што допираат пипците од семејниот бизнис октопод. СДСМ Скопје укажува дека јавноста има право да знае: „Дали Арсовска била успешен или неуспешен менаџер на фирма за продажба на автобуси во 2008? Дали нејзиното рекламирање на електрични кинески автобуси во кампањата има врска со „Македонска кинеска стопанска комора“, која е на иста адреса со нејзини приватни и семејни правни лица? До кога Арсовска ќе бега од новинари и ќе ги крие пипците на семејниот бизнис „октопод“ кој ја упропастил скопската сала „Расадник“ – изградена од град Скопје со пари на скопјани?, прашуваат од СДСМ Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.