Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција гневна поради трагедијата во Сома

0
By Нова ТВ on May 15, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 15, 2014 10:18

По катастрофалната рударска несреќа во турскиот град Сома, во која загинаа 274 рудари бесот сѐ повеќе е насочен кон владата. Во Анкара и Истанбул имаше и судири меѓу демонстрантите и полицијата, известува Дојче веле.

Уличните сцени во главниот град Анкара и во Истанбул потсетуваат на големите судири изминатото лето, поради градежните планови во Гези паркот во Истанбул. Во двата града синоќа на улиците излегоа илјадници луѓе за да протестираат против премиерот Реџеп Таип Ердоган. Народот смета дека политичкото раководство е соодговорно за рударската катастрофа.
Во Анкара на демонстрации се собраа околу 4.000 луѓе, меѓу нив многу студенти. Тие сакаа да се упатат кон Министерството за енергија и притоа истрелаа поединечни пиротехнички средства кон полицијата, по што силите за безбедност употребија солзавец и водени топови.
Исто така во Истанбул повеќе илјади луѓе учествуваа на приотестите и скандираа пароли против владата „Сома не беше несреќа, туку убиство“, можеше да се прочита на еден од транспарентите. Полицијата и во Истанбул употреби солзавец, водени топови, но, и гумени куршуми. Повеќе луѓе беа повредени. Според очевидци некои од демонстрантите биле приведени. Спонтани демонстрации имаше и во други градови во Турција.

Ердоган ја отфрла критиката
Премиерот Реџеп Таип Ердоган во Сома се информираше за актуелната состојба. Тој најави опсежна истрага. Стотици гневни жители демонстрираа во близина на зградата каде што Ердоган ја одржа прес-конференцијата. Тие бараа оставка на владата.
Премиерот отфрли секаква критика во однос на безбедноста на рудниците во земјата: „Експлозии како оваа во вакви рудници се случуваат постојано“, и тоа не само во Турција. За да ја поткрепи својата аргументација тој наброја рударски несреќи од целиот свет од 1862 година. Министерството за труд претходно објави дека овој рудник последен пат во март годинава бил проверуван во однос на мерките за безбедност.
Во најтешката рударска несреќа во историјата на Турција според последниот биланс загинаа најмалку 274 рудари. Владата соопшти дека уште 120 рудари се затрупани во рудникот. За нив има малку надеж дека ќе ја преживеат несреќата, јавува Дојче веле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.