НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје доби мол соодветен за европска метропола и за „ сладокусците“ на урбаниот шопинг

0
By Mirjana on October 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес во Скопје официјално е отворен и пуштен во употреба новиот Ист Гејт Мол, инвестиција вредна над 103 милиони евра. Вратите на новиот Ист Гејт Мол се отворени за сите посетители, од земјава и регионот. Новиот модерен трговски центар претендира да биде не само неодминлива станица на сите жители на Скопје и цела Македонија, туку и најголема шопинг дестинација во регионот.

„Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на оваа земја и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Сè започна со сонот за создавање на нова генерација на европски трговски центар на високо ниво, којшто овозможува работни места за над 1500 луѓе и за којшто сме сигурни дека ќе биде референтна точка не само за градот Скопје туку и за голем дел од балканскиот регион.“, изјави Сотирос Јанакудакис, менаџерот на Ист Гејт Мол по повод неговото денешно отворање.

Објектот на Ист Гејт Мол е лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, а создаден е со помош од над 2.500 вработени. Целиот трговски гигант се протега на 5 нивоа и вкупна површина од околу 160.000 квадратни метри, од кои 57.000 квадратни метри е простор за закупување. Во склоп на трговскиот центар има 2000 паркинг места и 220 продавници кои нудат над 600 брендови, од кои 40 за прв пат се претставуваат во земјава. Меѓу многубројните брендови во молот отворена е најголемата Zara продавница на Балканот како и бројни препознатливи имиња Reserved, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Pandora, Pepe, Valentino, De Facto, Massimo Dutti и многу други.

„Ист Гејт Мол од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетители од блиското соседство. Одговорноста да се отвори навремено Ист Гејт Мол е голема, а секако е навистина значителен успех и мое лично задоволство да се биде на чело на палката во менаџирање на почитување на сите рокови и правила во изградбата на овој прекрасен објект. Од денес, Ист Гејт Мол е центар на шопингот и забавата, како најновиот магнет за сите домашни и регионални посетители, кои со нетрпение ги очекуваме да им посакаме добредојде.“, истакна Игор Давков, главниот извршен директор на компанијата Скопје Ист Гејт по повод денешното отворање.

Ист Гејт Мол е инвестиција на Балфин Групацијата чие портфолио опфаќа многубројни сектори а присутна е на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот, македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Инвестицијата на целокупниот проект Скопје Ист Гејт изнесува 350 милиони евра.

Марија Поповска

новиот мол Ист Гејт отворен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.