НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските граѓани располагаат со 4,7 милијарди евра заштеда во банките-Одбележан светскиот ден на штедењето

0
By Mirjana on October 29, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, денот кога се потсетуваме колку е важно да се има финансиска сигурност во вид на заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели, Македонската банкарска  асоцијација оваа година го организираше во хибриден формат.

На настанот пред најдобрите службеници во банкарскиот сектор за 2021 година се обратија претседателката на  Македонската банкарска Асоцијација д-р Маја Стевкова Штериева, министерот за финансии  д-р Фатмир Бесими, вицегувернерката на Народната банка м-р Ана Митреска и директорот на Фондот за осигурување на депозити Амир Шабани.

Претседателката на  Македонската банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, поздравувајќи ги присутните и честитајќи го празничниот ден изјави:

„Да се биде банкарски работник кој работи со население,  во денешно време, е многу различно од истата активност пред триесет години. Зошто токму 30 години? Го одбрав овој број бидејки асоцира на бројот на години на независнот на Република Северна Македонија, што впрочем и се прославуваше оваа година.  И ја користам оваа прилика индиректно да истакнам колку многу банките го унапредиле своето работење во делот на работа со население, што во големе мера придонело за континуирано зголемување на депозитите и зголемена доверба во банките.“

Таа исто така истакна дека:

„Денес Македонската банкарска асоцијација оперативно работи преку дванаесет комисии од разни области, во кои се вклучени повеќе од 200 врвни професионалци од банкарскиот сектор.

Овој силен стручен човечки потенцијал кој го поседува Македонската банкарска асоцијација, секојдневно работи за унапредување на интересите на целиот банкарски сектор, но исто така, ставен е на располагање на сите институции во делокругот на нашето работење, во интерес на нашите клиенти, а со тоа и на граѓаните на нашата држава.“

Напоменувајќи ги специфичните  економските текови во државата во услови на пандемија министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими изјави дека годинава може да се достигне и повисоко ниво на раст од проектираниот од 4,1 процент раст на БДП. Притоа Бесими најави развој на финансискиот пазар.

„Ќе развиваме финансиски пазар кадешто граѓаните ќе имаат можност да ги вложат своите средства во разни инструменти, затоа што конкуренцијата е здрава за економијата, здрава за растот и за развој, што пак ќе значи подобри економски позиции за нашата економија“, истакна Бесими.

До 31 август вкупните депозити изнесуваат 63 проценти од Бруто домашниот производ.

Бесими порача дека е важно граѓаните да ги вложуваат своите слободни средства во банките бидејќи на тој начин не губат од својата вредност, а истовремено значат нови инвестиции и вработувања бидејќи банките тие средства ги алоцираат во бизнисите.

Зборувајќи за значењето на инвестициите Бесими се осврна на Планот за забрзан економски раст, каде инвестициите претставуваат клучна компонента во однос на моделот за раст.

Главната цел на Планот како што рече Бесими е  „бруто инвестициите од актуелните 30 проценти од БДП да достигнат ниво од 36,2 проценти, што значи само јавните инвестиции ќе достигнат една милијарда евра во текот на 2026 година“.

Пандемијата го зголеми штедењето и овој процес е глобален феномен, што се должи на три причини, посочи вицегувернерката на Народната банка, м-р Ана Митреска.

„Прво, и покрај рецесијата, расположливиот доход не претрпе намалување, делумно и заради фискалниот импулс за поддршка на платите и работните места. Понатаму, со оглед на природата на кризата, рестриктивните мерки и лимитирањето на движењето, дел од населението се соочи со принудно намалување на потрошувачката, пред сѐ потрошувачка на различни услуги, која е карактеристична за лица со поголем доход и со поголем капацитет и склоност за штедење. Трето, со оглед на тоа што сите идни економски текови се условени од исклучително неизвесната епидемиолошка крива, во ваков амбиент, мотивот на претпазливост има голема улога во однесувањето на штедачите“, истакна Митреска и посочи дека и кај нас депозитниот потенцијал се зголемува со релативно сoлиден интензитет од над 8% на годишна основа, со што динамиката на зголемување е многу слична онаа од периодот 2018-2019 година.

Директорот на Фондот за осигурување депозити, Амир Шабани изјави дека:

„Фондот за осигурување на депозити ја задржува улогата на гарант на депозитите на граѓаните во Република Северна Македонија и успешно придонесува во градење на довербата кон банкарскиот систем. Како еден од трите столбови на финансиска стабилност, институцијата континуирано и успешно соработува со Македонската Банкарска Асоцијација, како и со сите свои членки, банки и штедилници. Потврда за тоа е брзата и успешна исплата на последниот случај на исплата на обесштетување на депонентите од Еуростандард банка АД Скопје во стечај, која се одвива преку 4 банки исплатувачи.“

Признание за постигнати особени резултати во нивната работа оваа година добија 33 службеници од 13 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.

одбележан денот на штедењето
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.