Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џонсон: Светот на една минута до полноќ поради климатските промени

0
By НОВА ТВ on November 1, 2021 СВЕТ
epa09557313 British Prime Minister Boris Johnson (L) and United Nations (UN) Secretary General Antonio Guterres (R) greet German Chancellor Angela Merkel (C) as leaders arrive to attend the COP26 UN Climate Change Conference in Glasgow, Britain 01 November 2021. The 2021 United Nations Climate Change Conference (COP26) runs from 31 October to 12 November 2021 in Glasgow. EPA-EFE/ROBERT PERRY
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 1, 2021 12:45

Светот е на „една минута до полноќ“, откако истече времето, чекајќи да се бориме против климатските промени, изјави за Би-Би-Си британскиот премиер Борис Џонсон.

Додека светските лидери пристигнуваат на значајната конференција за климатски промени COP26 во Глазгов, Џонсон потенцира дека шефовите на влади или држави треба да преминат од „стремеж кон акција“ кога е во прашање забавувањето на глобалното затоплување.

Тој додаде дека Самитот е „критичен“ момент и потенцираше дека амбициозниот исход е сè уште „лебди во воздух“.

Велика Британија е домаќин на самитот во услови на зголемена загриженост меѓу научниците дека земјите не прават доволно за да ги ограничат емисиите на стакленички гасови, кои предизвикаа зголемување на просечните глобални температури.

Конференцијата за климата во Париз во 2015 година побара просечните температури да се зголемат најмногу до 2 Целзиусови степени, а по можност само 1,5 Целзиусови степени, во споредба со просеците од прединдустрискиот период.

Светските лидери почнаа да пристигнуваат во Глазгов – кој официјално стана територија на Обединетите нации – пред отворањето на Самитот на пладне. Подоцна, тие ќе дадат изјави во кои ќе објаснат што прават нивните земји за борба против климатските промени.

Како територија на ОН, во местото ќе го патролираат вооружени офицери на ОН, а на полицијата во Шкотска ќе и биде дозволен влез само ако бидат поканети од генералниот секретар на ОН – или ако веруваат дека постои закана по животот.

На собирот присуствуваат околу 120 лидери – американскиот претседател Џо Бајден со илјада делегати, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Фумио Кишида, меѓу другите. Во Шкотска присуствува и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

На состанокот нема да присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин, кој на собирот ќе се обрати само со снимена порака, Си Џинпинг, претседател на Кина, најголемиот светски емитер на штетни гасови, или Жаир Болсонаро, претседател на Бразил, домот на Амазонија – „ белите дробови на Земјата“ кој не верува во климатските промени.

Доаѓаат и поранешниот американски претседател Барак Обама, познатата шведска тинејџерска активистка Грета Тунберг, британскиот натуралист и телевизиски автор Дејвид Атенборо и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Во Глазгов требаше да пристигне и папата Франциск, но поради здравствената состојба тој ќе отсуствува, како и британската кралица Елизабета – која ќе ја претставуваат нејзиниот син и внук, принцовите Чарлс и Вилијам.

На собирот се очекуваат 25.000 делегати, поради што дел од британските медиуми го оценија за најголема дипломатска средба во британската историја и најголем настан во Обединетото Кралство по Олимпијадата во Лондон 2012 година.

Поради голем интерес, процесот за акредитација на новинарите беше затворен неколку недели пред првично утврдениот рок.

Денеска, делегатите и посетителите на влезот на COP26 беа пречекани од голема гужва. Сите што пристигнуваат мора да бидат тестирани пред патувањето со ПЦР тест, и покрај две дози од вакцината, а во Шкотска мораа да се тестираат со брз тест секој ден пред да пристигнат на COP26.

Огромен број од десетици илјади демонстранти ќе се соберат на улиците на Глазгов. Протестната група Extinction Rebellion најави дека сака да предизвика нарушувања, а еколошката организација Гринпис соопшти дека ќе влезе во градското пристаниште на реката Клајд со својот брод „Rainbow Warrior“, иако бродовите се забранети за време на конференцијата. За активистите да не да бидат успешни во својот план ќе се погрижат 10.000 полицајци кои пристигнаа во Шкотска од цела Велика Британија, што ќе чини околу 250 милиони фунти, пишува Би-Би-Си.

Толку многу луѓе во Глазгов, град со околу 600.000 жители, резултираа со експлозија од зголемени цени за сместување, ако воопшто може да се најде. Градските власти проценуваат дека градот има капацитет од 15.000 соби.

Затоа, голем број учесници, оние кои, на пример, не сакаа да престојуваат за речиси 100 евра дневно во комбе понудено во Airbnb во Глазгов, се сместуваат во блиските места и на еден час оддалеченост од Самитот, посебно во Единбург.

За да се прошират капацитетите, два крстосувачи пристигнаа во Глазгов, а беше лансирана и мрежа каде жителите на Глазгов ги отворија своите домови за посетителите, особено за активистите кои не можеа да си дозволат поскапо сместување. Би-Би-Си проценува дека над 3.000 луѓе не нашле сместување, голем дел од нив од посиромашните држави.

Британскиот Канал 4 ја емитуваше приказната за брачниот кревет во Глазгов кој бил изнајмен на двајца делегати од Јамајка и Кајманските Острови кои (се уште) не се познаваат.

Дополнителен хаос во Глазгов речиси беше создаден од работниците во железницата на ScotRail кои се заканија со штрајк, наменет за COP, но успеаја да се договорат за раст на платите со градските власти во последен момент.

Градските работници за чистење не успеаја да постигнат договор, па од синоќа на полноќ престанаа да ги чистат улиците и да го изнесуваат ѓубрето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.