Координацијата на премиерот во оставка Зоран Заев и претставниците од парламентарната коалиција почнува во овие моменти во владата.
Средбата следува по синоќешната најава за оставка на премиерската функција на Заев и на претседателската позиција во СДСМ, поради резултатот на изборите.
Според Уставот и Деловникот на Собранието за оваа состојба има две опции. Во член 93 од Уставот се наведува дека „оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекува оставка на Владата.
Според член 219 од Деловникот на Собранието „оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.