„Во просек секој човек во светот на возраст над 15 години пие по 6,2 литри чист алкохол годишно,“ се вели во „Глобалниот извештај за статусот на алкохолот и здравјето во 2014“, кој неделава го објави Светската здравствена организација (СЗО).
Како што може да се види и на картата, во Македонија употребата на алкохол изнесува од 5-7,4 литри по жител. Ова би не ставило некаде на средина на листата, но со оглед на тоа што алкохолот не се пие насекаде, ние сме, всушност, под просекот.
„Со оглед на тоа што помалку од половината од светската популација, всушност, конзумира алкохол (38,3%), ова значи дека оние кои пијат, конзумираат во просек 17 литри чист алкохол годишно“, се појаснува во извештајот.
Површен преглед на 10-те земји со најголема употреба на алкохолот покажува дека тие се исклучиво од Европа, при што листата е доминирана од земјите на Централна и Источна Европа од каде што се 8 од првите 10 земји.
На прво место е Белорусија со 17,5 литри чист алкохол, на второ е Молдавија со 16,8 литри, а за споредба, во Велика Британија се пијат „релативно трезни“ 11,6 литри чист алкохол годишно.
„Еден од клучните аргументи за политичка акција со која би се адресирале штетните последици од алкохолот е за земјите да се справат со големиот здравствен, социјален и поширок економски товар врз целото општество“, истакнува извештајот.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.