НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку три жртви во урнатата 21-катница во Лагос, во која имало околу 40 работници

0
By НОВА ТВ on November 1, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку три лица загинале во урнатата повеќекатница во изградба во комерцијалната престолнина на Нигерија, Лагос, а се стравува дека уште десетици други се наоѓаат затрупани под урнатините.

Француските медиуми пренесуваат дека тешка механизација ги расчистува остатоците од 21-катната зграда во потрага по преживеани под урнатините во елитната населба Икоџи во Лагос.

Спасувачите изјавија дека во моментот на уривањето на зградата во неа имало „многу работници“, иако не можеле да го потврдат бројот на затрупани или загинати луѓе.

Набргу по уривањето на зградата, десетици гневни жители се собраа на местото, многумина плачеа и изразија разочарување од бавното темпо на спасувачката акција.

Полицискиот комесар, Хаким Олусегун Одумосу, изјави дека досега се пронајдени три тела, а три лица се спасени. Тој кажа дека е прерано да се каже што го предизвикало уривањето на зградата.

-Многу работници се заробени под урнатините, изјави Феми Оке-Осаниентолу, генерален директор на Агенцијата за управување со вонредни состојби во Лагос.

Војници го обезбедуваат местото од толпа набљудувачи кои ја следат спасувачката операција на местото.

Четворица градежни работници од локацијата за француските медиуми изјавија дека десетици нивни колеги биле во зградата кога таа се урнала.

-Внаѕтре имаше околу 40 лица, видов 10 тела затоа што се качив горе, рече Питер Ајагбе, 26-годишен локален работник на локацијата.

-Еден од моите партнери е мртов, додаде тој.

Областа Икоџи е една од најбогатите станбени и деловни области во Лагос, густо населен главен град на Нигерија.

Уривањата на зградите се вообичаени во Лагос и во другите делови на најнаселената африканска земја поради употреба на неквалитетни материјали, невнимание и непочитување на градежните прописи.

(Видео) Како кула од карти: Во Нигерија се урна зграда од 21 кат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.