НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на ЦИА се сретна со директорот на руската безбедносна служба во Москва

0
By НОВА ТВ on November 2, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс денеска во Москва се сретна со многу влијателниот директор на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев со кого разговараа за „руско-американските врски“.

За состанокот е издадено само кусо соопштение од рускиот Совет за безбедност, додека американската Амбасада во Москва не ја коментираше средбата.

Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција, кој според многумина е најискусниот дипломат на САД, не беше најавена, а рускиот совет за безбедност не откри други детали.

Средбата на двајцата високи функционери се одржува во време кога во руско-американските односи има големи контроверзии.

Западните земји воведоа санкции кон Русија по нејзината анексија на Крим во 2014 година.

Вашингтон ја обвинува Русија за серија хакерски напади и мешање во изборите во САД.

Москва, од друга страна, често ги обвинува САД и Западот дека се мешаат во нејзината внатрешна политика и вршат притисок врз руски новинари.

Руси и Американци се сретнаа во Женева на 30 септември за да го продолжат стратешкиот дијалог што Владимир Путин и Џо Бајден го започнаа на брегот на Женевското езеро во јуни.

Бајден и Путин на историскиот самит на 16 јуни истакнаа дека дијалогот меѓу двете земји е итно потребен, иако тие не се согласуваат за многу прашања. Тие потсетија дека Москва и Вашингтон разговарале дури и во екот на Студената војна за да го спречат најлошото.

Вилијам Барнс, дипломат од кариера, беше амбасадор во Русија и Јордан и заменик државен секретар во времето на Барак Обама.

За време на мандатот на поранешниот демократски претседател, тој го охрабруваше зближувањето со Иран, со кој тајно преговараше во Оман во 2011 и 2012 година, иако САД не одржуваа дипломатски врски со Техеран.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.